Рамиз Мерко, актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, објави статистика за гласовите од овој град, на претседателските избори.
Тој направи споредба со локалните и вториот круг од претседателските избори.
Имено на локалните избори Мерко од своето гласачко тело, односно од локалното албанско население, успеа да добие 8.000 гласови, пишува Курир.
Доколку се споредат овие резултати со бројот на гласови кои ги доби на вториот круг од претседателските избори Стево Пендаровски, ќе се добие бројка од нешто над 12.000.
Но интересен е резултатот од поддршка за Пендаровски од само 4.000 гласачи во Струга, а кандидатката поддржана од ВМРО, Силјановска Давкова во Струга доби 5.808 гласа, а гласовите на Албанците плус оние на СДСМ беа 12.112. Само третина од добиените гласови на победникот беа на СДСМ, останатите се гласови на ДУИ.
Инаку градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, стана интересен за јавноста откако објави дека купил најново АУДИ од 67.000, со парите од Општината, за неговите потреби како градоначалник.
Тогаш на прашањето зошто не ги користел „шкодите“ што ги набави Општината, а кои чинеле дваесетина илјади евра, Мерко рече дека „шкодата“ не е возило за него.
-Струга е одалечена скоро 200 км, на едно доаѓање 400 км. Не е срамота градоначалник да седи по патишта? „Шкодата“ ќе оди со помала брзина. Јас увидов и се изгласа на Совет да земеме таква кола и тука нема проблем. За каков градоначалник ви се чинам јас? Да одам со фиќо? Во 2005 кога бев градоначалник користев „опел вектра“ од Општина Луково. Во 2006 дојде во посета на Струга тогашниот претседател на Србија, Тадиќ. Имаше делегации во возила како „ауди“ и „мерцедеси“, а јас со „опел вектра“. Не вреди градоначалник со скинати алишта и слаба кола. Не сум пишман за колата што ја купив, може требаше да земам уште поубаво возило – рече Мерко во тогашното гостување на ТВ24.
Извор: Курир.мк
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.