Мерцедес е победник на првата трка во Австралија во рамки од новата Формула 1 сезона.

Објавил: Сања Кукиќ | 17 март, 2019 9:21

Мерцедес и Ботас победници во Мелбурн

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Финецот Валтери Ботас и возач на Мерцедес е првиот победник во новата сезона на Формула1 на трката која се возеше во Мелбурн, Австралија.

Не знам што да кажам, почетокот беше одличен. Тоа беше најдобра трка во мојата кариера. Не знам што се случи. Се чувствував толку добро, постојано го контролирав автомобилот. Денес ќе уживам во она што се случи. Беше малку ризично со гумите, но сум многу среќен и немам трпение да дојде следната трка, изјави Ботас непосредно по успехот.

Финецот ја започна трката од второто место, но уште на стартот го претекна својот клупски колега Луис Хамилтон и доминираше до самиот крај. Макс Верстапен со својот Ред Бул го пополни последното место на пиедесталот, пред двата пилоти на Ферари, Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк.

Ботас, кој минатата сезона не успеа да победи на ниту една трка, сосема заслужено се радуваше во Мелбурн. Од почетокот изгради сигурна предност и заврши далеку пред останатите ривали.

Домашниот миленик Даниел Рикиардо поради проблеми не ја заврши трката на патеката „Алберт Парк“.

За две недели закажана е втората трка која што ќе се вози во Бахреин (28-31 март).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Луис Хамилтон со уште една светска титула во формула 1. Неговата блескава кариера ја обележи уште една титула на тркачките стази во Абу Даби.

ТИТУЛА – Хамилтон повторно светски шампион во формула 1

Светскиот шампион и возач на мерцедес Луис Хамилтон повторно доминираше во Абу Даби...

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, Мик, ја забележа својата прва победа во европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.

Синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер со прва победа!

Ни една патека Михаел Шумахер не го поврзува толку колку што го поврзува Circuit de Spa-Francorchamps,...