Екипата на Интер Мајами со стил и убедлив триумф над Њу Ингланд Револушн од 6:2 го затвори основниот дел од сезоната во МЛС лигата.
Интер губеше со 2-0 по 34 минути игра, но Суарез со два брзи гола во финишот на првиот дел го израмни резултатот и на пауза се замина со 2-2. Меси кој пред неколку дена блескаше против Боливија (три гола и две асистенции) влезе во игра во 58 минута и веднаш со мајсторска топка до Алба придонесе Кремаски да ја заврши акцијата за водство на домаќините.
Потоа на сцена стапи Аргентинецот кој од 78 до 89 минута испорача хет-трик за конечни 6-2. Со овие погодоци Лео стана најдобар стрелец во историјата на Интер Мајами, стана прв играч во историјата на МЛС кој постигнал три гола и забележал асистенција како замена и само петти кој како играч имал 3+1 (голови/асистенција) во меч во ова натпреварување.
Воедно клубот од Флорида испиша историја, стана тимот со најмногу освоени поени во една лигашка сезона. Со вкупно 74 поени беше надминат досегашниот рекорд на Њу Ингланд Револушн од 73 бода поставен во 2021 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.