Планот опфаќа изградба на три нови регионални болници, за коишто средства издвои и Европската Унија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 август, 2019 18:52

“МЕТАЛИКА“ донираше 250.000 евра за изградба на детска онколошка болница во Букурешт!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот хеви-метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на романското здружение кое ја гради првата детска онколошка болница во земјата.

Донацијата пак, ја објавија пред концертот на групата во среда, што е веќе распродаден.

Изградбата на болницата во Букурешт, започна кон средината на 2018 година, а се очекува да заврши идната година.
Досега се собрани донации од 260.000 поединци и скоро 2.000 компании.

Металика е американска хеви метал музичка група од Лос Анџелес, Калифорнија.

Нивната музика е спој на треш и спид метал, со доста агресивни текстови и брза изведба. Основана е во октомври 1981 година, по објавениот оглас на Ларс Улрих во еден локален весник, на кој одговорил Џејмс Хетфилд. Во денешната постава на бендот освен споменатите двајца, членуваат уште Кирк Хамет и Роберт Трухиљо.

Освен Хетфилд и Улрих, во првата постава на бендот членувале уште Дејв Мастејн и Рон МекГовни. Мастејн и Мекговни не се појавуваат на ниту еден студиски албум.

Поранешни членови на Металика кои имале придонес барем на еден студиски албум биле Џејсон Њустед и покојниот Клиф Бартон. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој ја критикуваше тенденцијата секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично.

Италијански инфектолог тврди: Пандемијата со коронавирусот е завршена

Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни...

Повеќе од 13 милиони луѓе се заразени со вирусот корона во светот, а за само пет дена, бројот на заразените е зголемен за еден милион. Повеќе од 500.000 луѓе починале од корона вирус досега.

СИТУАЦИЈАТА СО ПАНДЕМИЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ УШТЕ ПОЛОША: Многу држави одат во погрешна насока!

Пандемијата на коронавирус има потенцијал да биде многу полоша доколку сите земји...

Вкупниот број на случаи на коронавирус во светот денес достигна 13 милиони, што означи уште една пресвртница во ширењето на болеста, во која за седум месеци загинаа повеќе од 565.000 луѓе, пренесува агенцијата.

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА НА АЛАРМАНТЕН БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ: За само 24 часа заразени се 230.370 луѓе од коронавирус!

Светската здравствена организација вчера објави рекордно глобално зголемување на...