Циклонската активност која не зафати, останува да влијае на времето кај нас се до крајот на оваа седмица, и истата ќе условува потпросечни температури за овој период од годината.
Метео прогноза на Славчо Попоски:
Од денес (вторник) во попладневните часови, па се до крајот на седмицава ќе има повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално ќе се развиваат и конвективни грмотевични облаци, од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
И во Скопскиот регион од денес (вторник) попладне, па во деновите потоа ќе има појава на повремен локален дожд. Во делови од регионот тој ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилување на ветерот.
Да напоменам дека за време на оваа нова серија на врнежи, локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).
Температурите како што кажав, ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, додека наутро тие на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени, додека на високите планински места не се исклучува можноста тие да се спуштат и до близу 0 степени, со што е можна и појава на првиот мраз за оваа сезона.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.