Времето ќе биде сончево со умерена облачност, сосема се мали условите за краткотраен локален и слаб дожд.

Објавил: Стојче Бушин | 29 септември, 2020 20:29

МЕТЕО НАЈАВИТЕ СЕ СЛЕДНИ: ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ НЕ ЗАВРШИЈА, ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

Фото/Текст извор: ©Метео Аларм/Магазин.мк

По значително постудениот бран кој го зафати целиот регион и Македонија, и ни го донесе првиот снег на планините ќе следи ново ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и тоа особено за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

До тогаш, односно во текот на следните неколку утра минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека нешто посвеж ден ќе биде утрешниот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, во Скопје максималната температура утре ќе се искачи само до околу 21 степен.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, сосема се мали условите за краткотраен локален и слаб дожд.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најизразен Долж Повардарието каде ќе биде од северозападен правец, во останатите предели ветерот ќе биде претежно од западен правец.

Од петок ветерот својот правец повторно ќе го промени во јужен и повремено ќе биде засилен, особено за викендот, истиот ќе биде и најава за поголемото затоплување на времето кое ни доаѓа за време на викендот и ќе се задржи и на самиот почеток од следната недела.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени во најтоплите предели од државава.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЛАЧНОСТА И УСЛОВИ ЗА ВРНЕЖИ ВО НЕДЕЛА – ДЕТАЛИ

До крајот на денов во државава времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала...

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: СЛЕДУВА ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ПРЕКУ ДЕН

Нашата територија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и...