Под плаштот на реформи се најавува и метла во администрацијата ?

Објавил: Узунов Бобан | 15 мај, 2019 10:46

Метлата на Заев и за административните службеници ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во вчерашното интервју на 1ТВ посочи дека вработените во администрацијата се вишок, и тоа не значи ако сега имаат одредено работно место, функција утре или за година, две нема да ги избркаат.

„Статус кво ситуацијата не може веќе да остане вака. Ние овие анализи ќе ги направиме. Ние сме социјалдемократска левичарска влада и викаме нема никого да отпуштиме. Значи никој нема да остане на улица. Но да остане вака како што е невозможно“, посочи Дамјан Манчевски во интервју за 1ТВ за анализата која се подготвува за префрлање на вработени од администрација во приватен сектор. 

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за кого  и се зборува дека може да биде жртва на операцијата Метла, сега најавува реформи во администрацијата со префрлање на вработени од јавен во приватен сектор најверојатно испраќајќи порака до Заев дека е подготвен да ја спроведе оваа реформа доколку остане на позицијата министер. 

10 години сите членови на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор и ова е факт. Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата… Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа, -изјава на Дамјан Манчевски од 11 февруари 2019 година.

Изјавата на Дамјан Манчевски од февруари годинава во која тој принава дека партиските членови на СДСМ се вработуваат во државни институции беше доволна причина метлата на Заев за овој министер да заигра и порано . Во земјли членки на ЕУ не може да се замисли првиот човек на државната администрација да оправдува партиски вработувања, наместо да го промовира мерит принципот каде најспоспобните и најобразованите ќе ги добиваат работните позиции.


Прашањето кое го поставува јавноста е дали под насловот реформа за отпимизрање на бројот на администрацијата всушност ќе се врши чистка на партиски неподобните кадри на власта ?

Неопходните реформи во администрација, што ги најавува Манчевски без никакви критериуми и законски основи остaваат простор за шпекулации во јавноста и можност за политички притисок врз државната администрација од страна на вториот и третиот ешалон на власта.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...