Се поверојатно е дека Никола Димитров нема да продолжи како министер за надворешни работи.

Објавил: Данаил Михајловски | 14 мај, 2019 17:09

Метла во владата: Шеќеринска во МНР на местото на Димитров, Атила Реџепи на местото на Хазби Лика!

Фото/Текст извор: ©магазин

Од партиски извори во СДСМ, Магазин дознава, дека Радмила Шеќеринска најверојатно ќе биде новиот министер за надворешни работи. Оваа рокада од министерството за одбрана во МНР веќе била предмет на дискусија меѓу Шеќеринска и Заев уште за време на претседателската кампања, а се очекува да се случи во јуни, како дел од владината реконструкција т.е “метла“. Ротирањето од одбрана во МНР, Шеќеринска го сметала како нејзино заслужено унапредување. Ваквата партиска информација оди во прилог на тврдењата дека Никола Димитров, веројатно од свои лични и кариерни причини, ќе го напушти кормилото на МНР, а можно е да биде ангажиран во некоја меѓународен невладин институт или да добие некоја солидно платена позиција во меѓународна организација во Брисел, Хаг или Њу Јорк. Од одбрана во МНР, заедно со министерката Шеќеринска, се враќа и Катерина Ставревска, која важи за нејзина десна рака во кабинетот.

Во ДУИ се поизвесно е заминувањето на Хазби Лика од вице-премиерското место за спроведување на рамковниот договор, наводно заради несогласувања со партиското раководство кои траат повеќе месеци. Оваа позиција, по предлог на владата, сега е преобразена во ново министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците. Фаворитот на Али Ахмети за добивање на оваа нова министерска позиција е Атила Реџепи, кој во декември 2018 година беше генерален секретар на ДУИ. Според изворите од СДСМ, во разговорите кои Али Ахмети ги имал со премиерот Зоран Заев бил постигнат и начелен договор кадар на ДУИ повторно да застане на чело на министерството за правда, со кое во моментов раководи министерката Рената Дескоска. Доколку биде тргната од ресорот правда Рената Дескоска изјави дека ќе се врати на правниот факултет во Скопје, каде што има статус на редовен професор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...