“Ние се подготвуваме за реотворањето на двата аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, и покрај тоа што во овој момент сè уште не го знаеме точниот датум, бидејќи чекаме официјална информација од Владата, соопштија од меѓународниот аеродром во Скопје.
Како што знаете, вонредната состојба трае до 16-ти мај, но во овој момент не знаеме дали и границите и аеродромите ќе бидат отворени веднаш после овој период.
Како ТАВ Македонија ние сме подготвени и се надеваме на поскоро почнување со работа, велат во соопштението.
Веднаш штом добиеме официјална информација, ќе ја информираме јавноста и патниците, споделувајќи ги сите важни информации со нив, во врска со идните патувања”, вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија за МИА.
Претседателот Стево Пендаровски на 18 март прогласи вонредна состојба во државата. Ваквата одлука е донесена, како што рече во обраќањето до граѓаните, за поефикасно справување со коронавирусот.
Владата продолжи да функционира како техничка.
Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, истакна неодамна Пендаровски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.