Македонија
Сообраќај
Меѓународниот Аеродром Скопје е рангиран меѓу најдобрите 10 аеродроми во Источна Европа за 2020 година од страна на реномираната организација Скајтракс, заедно со аеродромите во Будимпешта, Букурешт, Талин, Киев, Рига, Белград, Братислава, Тбилиси и Софија, стои во соопштението на ТАВ, Скопје!
Ова е трет пат како Skytrax го рангира Меѓународниот Аеродром Скопје во оваа категорија, по 2016 и 2015 година, кога прв пат го добивме ова признание, Велат во соопштението!
Меѓународниот Аеродром Скопје е еден од четирите аеродроми во групацијата ТАВ Аеродроми, чии услуги се признаени како најдобри од Скајтракс, во различни региони. Аеродромите во Тбилиси и Рига, се вбројуваат меѓу најдобрите во истиот регион – Источна Европа, додека аеродромот во Медина, исто така дел од групацијата ТАВ, е меѓу најдобрите во регионот – Блиски Исток.
Евалуацијата е направена меѓу септември 2019 година и февруари 2020 година, а Светските Аеродромски Награди на Скајтракс се базирани на мислењата на патниците од преку 100 националности и вклучуваат 550 аеродроми во светот.
Во светската аеродромска индустрија, тие се показател за квалитет на аеродромските услуги и објекти, стои во соопштението!
Најдобар аеродром во светот, осма година по ред, според Скајтракс, е Аеродромот Чанги во Сингапур.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Сообраќај
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.