Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.
Ова го изјавил првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа.
„Станува збор за нова коалиција од пред само една година, која ја сочинуваат четири политички субјекти, што во основа е револуционерна работа на политичката сцена на Македонија. Ни треба малку време да се усогласиме, да се запознаеме и да работиме под чадорот на ‘Вреди’. Но, разликата од порано е што се нуди нова рамка, без хипотеки, без политички багаж. И мислам дека Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, но се подготвени да се соочат со корупција, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Нашиот фокус е на децентрализацијата. Мислам дека сето тоа ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите за да не го гледаат заминувањето од државата како единствена алтернатива“, изјави Меџити во интервју за Гласот на Америка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.