ВРЕДИ

Објавил: Калина Мартинска | 6 октомври, 2024 21:36

Меџити најави дестабилизација на Фронтот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од ДУИ велат дека пратеничката група е компактна, но не посочуваат дали партијата на Мендух Тачи и Фатима Османовска се уште се дел од Европскиот фронт.

Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги 100те дена од владата, зборуваше само во име на партијата, а не и на Европскиот фронт. Гласините дека двајца субјекти не се дел од коалицијата се се поголеми, имајќи во предвиде дека ниту Тачи ниту Османовска не присуствуваа на конференцијата што се одржа пред неколку дена.

„Како пратеничка можам да кажам дека Европскиот фронт работи целосно во Собранието, а за евентуални прашања обратете се кај господинот Мендух Тачи, тој секако ќе ви даде подобар одговор. Како пратеничка, ви кажувам дека пратеничката група на Европскиот фронт работи во целосна формација“, рече Рина Ајдари – Европски фронт.

„Им кажав дека работиме во целосна формација како пратеничка група на Европскиот фронт и овие прашања треба да им ги поставите на нив за да добиете одговори„ рече Рина Ајдари – Европски фронт.

За последните случувања на Европскиот фронт се огласи и вицепремиерот Изет Меџити. Тој ги опиша како почеток на крајот на коалицијата.

„Тие се заедно како Европски фронт, не за европски вредности или каква било идеологија, туку за да бидат во владата по секоја цена. Во моментот кога нема власт нема што да ги обедини. Во моментот кога не се на власт, полека но сигурно се дестабилизира Европскиот фронт, ова е почеток на нивниот крај“, додаде Изет Меџити, прв вицепремиер.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести