Вицепремиер

Објавил: Калина Мартинска | 11 февруари, 2025 23:06

Меџити: Одлуката на владата за разрешување на Коцевски дојде поради континуирани правни прекршувања

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, изјави дека одлуката на владата за започнување на постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е резултат на неговите континуирани правни прекршувања.

Тој на Алсат М телевизија истакна три клучни елементи што го детерминирале овој потег.

Која е постапката за разрешување на државниот јавен обвинител?

„Прво, оваа постапка е во согласност со духот на меѓународниот фактор и стратешките партнери, со цел да се интервенира таму каде што има прекршувања. Второ, довербата на граѓаните во судскиот систем е на најниско ниво од 90-тите години и речиси повеќе не постои. Трето, јавниот обвинител Коцевски продолжи со континуирани правни прекршувања, создавајќи ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување“ – изјави Меџити.

Во однос на новиот јавен обвинител, тој нагласи дека треба да биде професионалец кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во владеењето на правото.

Коцевски со одговор за предлогот за негово разрешување: Коцевски тврди дека сите негови одлуки се законски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.