-Според бројот на ученици, по наталитетот и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто. Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис.

Објавил: Перо Милчин | 26 јануари, 2021 7:10

Меџити: Според сите индикатори Албанците ќе бидат над 25%

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според сите индикатори Албанците ќе бидат над 25 отсто, изјави координаторот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Изет Меџити и порача дека нема потреба од дилеми за бројноста на Албанците, пренесе Фокус!

-Според бројот на ученици, по наталитетот и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто. Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис.

Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка, рече Меџити.

Меџити е член на политичката партија ДУИ. Тој е еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Гзим Острени. Освен тоа, тој е член на Централното претседателство на партијата.

Првиот мандат го добил на изборите за локална самоуправа во 2005.

Тој на локалните избори 2013 остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.

Еден од неговите позначајни потези е поставувањето споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.

За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска. Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стојат стари имиња на училиштата.

Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога беше урната црквата на Скопско кале, со што се заострија меѓуверските односи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Силјановска, како второ укажа, дека скратена постапка, секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска расправа...

Мицкоски додаде дека имајќи во предвид дека сите држави во околинава го одложија пописот, требаше да власта да биде барем малку паметна и да го одложи овој попис. Мицкоски исто така апелираше до меѓународната заедница да ја вразуми власта, бидејќи власта не ги слуша граѓаните и опозицијата.

Мицкоски: Скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната средба со здравствените...

ЛДП инаку, вчера соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини”.

Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

Мислам дека одлуката на Либерално – демократската партија е исправна и дека полека...