Забава
Интересно
Речиси сите ја препознавааат Александра Мијалкова, сопругата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и позната македонска балерина.

Ана е една од најуспешните жени во Македонија а потекнува од уметничко семејство. Следејќи ги стапките на мајка си која исто така била балерина, Ана започнала да игра балет уште кога имала 9 години.
Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ Мијалкова раскажува за бракот со Сашо Мијалков. Открива каков е тој како сопруг и вели дека е доста романтичен.
На прашањето со што нејзиниот сопруг успеал да ја освои, Александра вели дека “виновникот” е токму неговиот шарм:
“Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има. Излегувавме и се дружевме заедно, ми беше убаво”.
Во интервјуто се присетува на еден драг момент, можеби и клучниот со кој Сашо Мијалков го заробил нејзиното срце.
Александра зборува за букетот и телеграмата кои Сашо ги испратил директно од Прага за да ја изненади на сцената, кога таа имала само 18 години:
“На крајот од претставата кога се поклонувавме, тој не беше тука бидејќи студираше во Прага во тоа време, јас добив букет и телеграма за кои не очекував дека се од него. Подоцна кога ја отворив телеграмата, помислив дека е од некој друг, но кога видов дека е од него, многу се израдував – тоа беше прекрасно чувство”, вели Александра.
Таа за сопругот вели дека е многу романтичен, иако не личи на таков човек:
“Таква беше неговата професија, но надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето”.
Во интервјуто за Бекстејџ Ана открива како успева да се избори со секојдневието, како ги балансира работите, за посветеноста на балетот и за тајната на долгата и успешна врска. Во продолжение.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интересно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.