петок, 25 април 2025

MK/ EN/ DE



Од пожарот во Кочани

Објавил: Калина Мартинска | 30 март, 2025 15:08

МЗ: Кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.

Во болниците во Скопје моментално се лекуваат 21 пациент од кои по шест има на Клиничкиот центар и во болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, петмина се лекуваат во ГОБ „Осми септември“ и четворица во приватните клиники. Пет пациенти денеска заминуваат на домашно лекување, а се враќаат и двајца пациенти, од странство за нив, а и за сите останати кои ќе продолжат да се лекуваат во болниците во Македонија ќе се грижи мултидисциплинарен тим составен од пластичен хирург, психоло, токсиколог и интернист, рече министерот за здравство, Арбен Таравари.

Директорката на Клиниката за пластична хирургија д-р ЈАсмина Ѓорѓиевска Павловска нагласи дека пациентите кои се лекуваат во Македонија ги имаат сите услови и за нив важат истите процедури и третпани како и за сите кои се лекуваат во странство. Таа на пациентите кои заминале на домашно лекување им препорача да не се изложуваат на сонце.

Надвор од државата се 89 пациенти , но двајца денеска се враќаат од Литванија и Шведска. За утре нема најава за враќање на други пациенти од странство, но во понеделник, како што истакна Таравари, се очекува да се вратат уште пет.

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.