Освен за “ужасните” услови како што ги нарекува Милевска, таа се пожали и за тоа дека во двокреветни соби се сместувале и по повеќе луѓе – што е спротивно од препораките. Таа се спротивставила и одбила да биде сместена во соба со непознати луѓе, па од надлежните таму добила одговор за подобри услови да си бара “врски” од владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 19:18

Мизерни услови, поплавени купатила, со мравки во собите- сведоштво на на Душица Милевска сместена во карантин!

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Недезинфицирано, стари и неиспрани постелнини, мравки во собите, прашина до гуша, и поплавено купатило…ова се само дел од мизерните услови во кој бројни Македонци го живеат 14 дневниот државен карантин. Меѓу нив е Душица Милевска, која за Алфа ја раскажа голготата за нејзиното пристигнување во својата татковина и нејзиното досегашно искуство во еден од хотелите на Попова Шапка.

Освен за “ужасните” услови како што ги нарекува Милевска, таа се пожали и за тоа дека во двокреветни соби се сместувале и по повеќе луѓе – што е спротивно од препораките. Таа се спротивставила и одбила да биде сместена во соба со непознати луѓе, па од надлежните таму добила одговор за подобри услови да си бара “врски” од владата.

За жал не е само Милевска, социјалните мрежи вријат – за лошите услови во државниот карантин.

“ Дојдовме во хотелов „карантин“, каде сеуште никој не ни проверил температура, или нè тестирал, или ни ги погледнал лекарските уверенија од бродските. Ни дадоа соби, некои по двајца, некои по тројца во соба како на екскурзија а не во карантин.” – пишува на фејсбук велешанецот Бошко Јованов.

“Карантин во хотел во Охрид, тројца во една соба со два кревета?! Да да, баш така… Без да ти обезбеди основни услови за изолација од ваков тип нашата татковина насилнички ќе ни објасни како се прави тоа.” – пишува Александар Менков.

“Не третираа како да сме некои криминалци или жариште на болести, како да сме сите болни, никој несакаше ни оддалеку да разговара со нас. Што сме ние за нашата држава?” – пишува Маја Наков на социјалните мрежи.

Откако почна кризата, а земјите во Европа и регионот ги затворија границите, со помош на МНР во земјава се вратиле околу 4.500 граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола, претседателот на СДСМ Заев одговори дека првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за сегашнаа градоначалничка и за уште неколку квалитетни луѓе.

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник...

Судот го ослободи од обвинение како поттикнувач во случајот Тортура за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, ден по изборите. Ослободени се и припадниците на алфите.

Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинение за случајот „Тортура“

По две осудителни, прва ослободителна преесуда за екс шефот на УБК Сашо Мијалков. Судот...

Спроводот следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на 7 години затвор, додека Јовановски на 9.

И Катица Јанева е спроведена во Идризово

По Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во затворот во Идризово е спроведена и поранешната...

Силјановска Давкова: Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина...