Мизрахи додаде дека треба да се напомене дека господинот Талат Џафери не беше на состанокот во Брисел како граѓанин туку како претставник односно претседател на Собрание на Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 20:30

Мизрахи: Апсурдно е Џафери ја враќа интерпелацијата бидејќи според негово толкување станува збор за предлог на закон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„На сите во јавноста во Република Македонија им е јасно зошто стигна до таа интерпелација за Талат Џафери. Тоа е поради кршењето на амандманот 5 од Уставот, како и Законот за користење на македонскиот јазик и Законот за јазиците во кој што пишува точно дека македонскиот јазик е духовно богатство со посебно културно историско значење, употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Македонија“, појасни Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Мизрахи додаде дека треба да се напомене дека господинот Талат Џафери не беше на состанокот во Брисел како граѓанин туку како претставник односно претседател на Собрание на Република Македонија.

Интерпелацијата беше вратена иако истата беше доставена на ист начин како што беа доставени сите останати интерпелации во Собранието и таа е вратена заради усогласување со членот 136 од Деловникот на Собрание на Република Македонија.

А, членот 136 гласи – „Ако предлогот на законот не е подготвен во согласност со одредбите на овој деловник“. Од кога интерпелацијата според Џафери е предлог на закон“, запраша Мизрахи.

Мизрахи се осврна и на Законот за државјанство каде што потенцираше дека доколку Македонија сака да биде дел од ЕУ, мора да се однесува така, а земји во ЕУ бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години.

– Оној закон за државјанство кој беше приложен во 2020 најверојатно ќе послужи како пандан за следното решение. Во однос на текстот на законот има збир на небулози како на пример дека граѓаните ќе може да добијат државјанство согласно одреден елемент како што е завршена учебна година, а такви се и студентите кои биле на посета, такви небулози се работничка книшка, доказ за платена сметка. Доколку одиме во ЕУ треба да видиме како функционираат другите држави во ЕУ, кои бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Мицкоски заедно со Николоски и Стоилковиќ остварија средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со...

ованчев додаде дека и во земјите во регионот имаше корона вирус, но властите таму подобро се справуваа и со вирусот и со економијата.
„Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните.

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

„Република Македонија е со негативна стапка на раст од -4.5% во 2020-тата година, и беше...

Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Шест и пол години за Велјановски, 6,3 за Јанакиески и Ристовски, 6 години за Атанасовски

Судот ги прогласи за виновни за организирање на настаните од 27 април во Собранието...