Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Објавил: Перо Милчин | 21 февруари, 2020 22:23

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните мрежи напиша дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее во намерата за Обнова на Македонија и дека Македонија ќе биде поврзана со светот врз принцип на меѓусебна почит и соработка.

Мизрахи вели дека ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на заевизмот како начин на владеење и дека ќе стават крај на понижувањата. Таа вели дека немањето правна сигурност и корупција е присутна во секоја сфера од општеството.

Креираната историја не носи реална иднина. Масовноста со која ме дочекувате, сѐ повеќе ме убедува дека е време со заеднички сили да го вратиме нашето достоинство. Следејќи го претседателот Христијан Мицкоски уверени сме дека ќе се избориме за тоа што ни припаѓа, пишува Мизрахи.

Од планот за живот не добивме живот.
Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.
Ќе ставиме крај на заевизмот како начин на владеење. Ќе ставиме крај на понижувањата!

ВМРО-ДПМНЕ ќе успее во намерата за Обнова на Македонија. Македонија каква што ја сакаме. Македонија поврзана со светот врз принцип на меѓусебна почит и соработка.

Немањето правна сигурност и корупција присутна во секоја сфера од општеството. За само неколку години ја вратија државата во црните денови од деведесеттите. Криминал и корупција, наспроти раст и развој. Доста е!
Да живее Македонија, вели Рашела Мизрахи.

Неодамна собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. По речиси шест часовна расправа во десетина минути пред 4 часот, пратениците со 62 гласа „за“ и 26 „против“ ја разрешија министерката.

Таа по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, на 3 јануари годинава стана дел од техничката влада која треба да организира и да спроведе избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...