Малата Мила Димоска има оштетувањето (дистрофија) на мозокот. Таа има 2 ипол години но се уште не може да оди, зборува ниту да седи како и своите врсници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2019 21:38

Мила успешно оперирана во Кина, родителите благодарни на сите хумани луѓе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото ОхридПрес

Одлични вести од родителите на малата Мила. Успешно е извршена третата операција во Кина.

Моментално две ипол годишната Мила се рехабилитира и опоравува во Пекинг, Кина каде ќе остане до крајот на месецот.

– Драги хумани луѓе. Сакаме да Ве информираме дека помина УСПЕШНО третата операција на нашата ќеркичка Мила, која беше извршена на 18-ти септември 2019 година. Исто како и претходните две операции беше извршена стереотактичка интервенција со директно убризгавање на матични клетки на двете страни на мозокот. Моментално се рехабилитира и опоравува тука во Пекинг, Кина до крајот на месецот. Од името на целото семејство, сакаме да Ви се заблагодариме од срце, што ни помогнавте во најкраток можен период да заминеме во Кина и да и ја продолжиме насмевката на Мила за подобро утре, порачаа родителите на Мила. 

Малата Мила Димоска има оштетувањето (дистрофија) на мозокот. Таа има 2 ипол години но се уште не може да оди, зборува ниту да седи како и своите врсници.

Родителите на Мила пред извесно време објавија апел за помош во јавноста за сите хумани луше да и помогнат на малата принцезичка да може да се развива како и сите останати дечиња и да се радува заедно со мама и тато.

извор: ОхридПрес фото: архива

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести