Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Објавил: Сара Фемина | 23 ноември, 2019 17:05

Мила Царовска избрана за жена на годината(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©фокус

Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија вчера во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки”.

Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Во продолжение следува листата со овогодинешните лауреати во изборот “Жена на годината”:

· Категорија “Жена на годината” – Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика;
· Категоријата “Жена со трајни вредности” – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста “Браво Сине”;
· Категорија “Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин;
· Категорија “Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП;
· Категорија “Странец жена менаџер на годината” – Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;
· Категорија “Жена со најголеми достигнувања во културата” – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја;
· Категорија “Жена со најголеми достигнувања во спортот” – Сара Ристовска, ракомет ;
· Категорија “Жена со најголеми достигнувања за општеството” – Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
· Категорија “Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
· Категорија “Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска, ТВ Сител.
Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.
Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.
Организатори на “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Ана Дурловски во Женева: Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските...

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...