Тој посочи дека новина е што со овој закон се воведува нова категорија- урбани подрачја, а тоа се општините и градот Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 24 февруари, 2021 16:55

Милевски: Годинава треба да се одржат локалните избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за локална самоуправа како носител на политиките на рамномерен регионален развој и одржлив локален развој и децентрализација, со поддршка на УНДП и швајцарската Влада ги подготви новата Стратегија за регионален развој 2021-2031 која што е во Собраниска процедура, Законот за рамномерен регионален развој кој што Собранието го донесе на 27 јануари оваа година и Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 со Акциски план кои што се готови во фаза на нацрт.

– Оваа година треба да се одржат локалните избори. Фер е  новите градоначалници да го започнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со кои што ќе располагаат за нивно извршување, веќе од наредната буџетска година.

Во однос на нормативната и стратешката рамка мислам дека обезбедивме услови за побрз и  одржлив развој на локално и на регионално ниво. Со максимално ангажирање на централната и на локалните власти, но и со поголеми средства за развојни проекти можеме заедно побрзо да ги менуваме условите за живеење во сите општини, рече министерот за локлна самоуправа, Горан Милевски, на консултативниот настан со градоначалниците и други претставници од општините.

Според Милевски ова се  трите најважни документи кои што го определуваат развојот во наредниот период, и Стратегијата и Законот и Програмата, Министерството за локална самоуправа ги подготвуваше во консултација со сите засегнати страни, со ЗЕЛС, со општините, со Центрите за развој, со експертската јавност и со граѓаните. Важно е сите вклучени страни да бидат информирани и да го дадат својот придонес за да може да обезбедиме квалитетна имплементација и на Законот и на Програмата.

Министерството за локална самоуправа со новиот Закон за рамномерен регионален развој  предвиде уште една Програма од која што ќе се финансираат проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во планските региони и со која што ќе се поттикнува конкурентноста на планските региони. Во рамките на оваа  Програма ќе се поддржуваат активности за изведба на градби за подобрување на пристапот до инфраструктура на ниво наплански региони и на локално ниво, како и подготовка на анализи, студии и проектна документација.

– За реализација на средствата од оваа програма јавниот повик ќе го објавува Министерството за локална самоуправа, а покрај Центрите за развој на планските региони и општините, на овој повик ќе можат да аплицираат и јавните претпријатија и јавните установи основани од државата и од општините, како и високообразовните и научни институции и здруженија на граѓани, појасни Милевски.

Тој посочи дека новина е што со овој закон се воведува нова категорија- урбани подрачја, а тоа се општините и градот Скопје.

– Тоа значи дека покрај проектите за развој на планските региони, за развој на селата и за развој на подрачјата со специфични развојни потреби ќе се финансираат и проекти за развој на урбани подрачја за кои што ќе можат да аплицираат општините со седиште во град. Овие општини за разлика од руралните имаа свои специфичности,  кои што  согласно и со ЕУ регулативата треба дополнително да бидат подржани. Во изборот на проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од Буџетот на Министерството и на Бирото задолжително ќе бидат вклучени и граѓаните преку организирање на Форуми во заедниците.

Со -Благодарение на предлозите на граѓаните реализиравме многу корисни инвестициски и иновативни проекти во сите осум плански региони. Нудиме и уште едно ново решение, тоа е можноста да се аплицира со поголеми проекти чија имплементација нема да биде ограничена на само една година. Програмата за одржлив локален развој и децентрализација е амбициозна, се фокусираме на подобрување на нормативната рамка, продолжување со децентрализацијата, продлабочување на фискалната децентрализација, дигитализација на административните услуги, подобрување на социјалните и комуналните услуги поттикнување на локалниот економски развој, поголема транспарентност и отчетност, рече Милевски.

Тој на крај во неговото обраќање на денешната виртуелна работилница „Децентрализација и рамномерен развој“ за презентација на новиот Закон за рамномерен регионален развој и на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2021-2026 година со Акциски План за периодот 2021-2023 година, посочи и дека на предлог на министерството за локална самоуправа, Владата формирала работна група на политичко ниво чија задача е многу брзо да се создадат конкретни услови за продолжување на децентрализацијата. Целта е до септември врз основа на изменета законска рамка да се направи нормативен трансфер на нови надлежности и нови ресурси за финансирање. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8!

Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

Третата лента на автопатската делница Петровец – Катланово се гради со силен интензитет....

Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

ГРАД СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ – БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски...

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на...