Според него согласно Законот, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон.

Објавил: Перо Милчин | 30 јануари, 2021 19:45

Милевски: Пописот не е политика туку потреба да донесуваме одговорни одлуки врз основа нареални податоци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите сме свесни дека простор за одложување на пописот нема и сите треба да покажеме максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што само така податоците ќе ни бидат од корист. И покрај обидите за политизација на пописот уште пред да започне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да овозможи пописот да се спроведе на најдобар можен начин, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски на средбата што се одржа со градоначалниците во Собранието организирана од страна на Државен завод за статистика, наменета за Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021.

Според него согласно Законот, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон.

– Пред сите нас е огромна одговорност, затоа што како носители на високи јавни функции сме исклучително свесни што значи за една држава да нема спроведено попис 19 години. Да обезбедиме пристап до јавните услуги-здравство, образование, социјална заштита, за сите граѓани, да го планираме развојот и изградбата на комуналната и на социјалната инфраструктура согласно потребите, патишта, водоводи, училишта, детски градинки. Да создадеме услови бизнис заедницата да може да ги донесува одлуките врз основа на реални податоци за расположливите ресурси, порача Милевски.

Тој појасни дека во текот на минатата година министерството за локална самоуправа ја подготвуваше Стратегијата за регионален развој, која сега е во собраниска процедура, а во подготовката на документот беа вклучени експерти од сите клучни области, сите министерства кои што спроведуваат развојни програми, сите градоначалници како членови на Советите на планските региони, Центрите за развој и други надлежни институции. Биле направени темелни секторски анализи за мапирање на состојбите и за изведување на проекции за наредните 10 години. Главен и единствен проблем била релевантноста на статистичките податоци, кои се стари речиси 20 години.

Според него за овој документ немало време да се чека пописот, а и тоа би значело неколку годишно стагнирање на развојот на планските региони и на општините, а новата Стратегија е услов за подготовка на регионални развојни Програми и проекти од планските региони и од општините кои што се финансиираат со средства од Буџетот.

– Без овие документи овие средства ќе останат нереализирани со што губиме сите, а најмногу граѓаните. Компромисот беше да обезбедиме континуитет со подготовка на Стратегијата врз основа на податоците со кои што располагаме, а по пописот целосно да ја ажурираме. Го направивме тоа што моравме, затоа што имаме одговорности кои што произлегуваат од закон. Имаме одговорности и пред Европската Унија и донаторската заедница во користењето на нивните средства. Никој не ви дава да трошите средства ако преку прецизни индикатори не ја прикажете моменталната состојба и резултатот кој што сте се обврзале да го постигнете. И се доведуваме во ситуација да се објаснуваме и да бараме одложување, а главен аргумент ни е пописот за кој сме се обврзале дека ќе го спроведеме оваа година, појасни Милевски.

Тој порача дека е нужно што поскоро, преку успешно спроведен попис, државата да обезбеди објективни и целосни статистички податоци врз основа на кои што ќе го планира сопствениот развој и развојот на општините и на планските региони, а државата да има квалитетни податоци за поголема апсорбција на средства од ИПА инструментот на ЕУ и од други донатори.

– Треба да покажеме дека сме организирана држава која што може да спроведе попис и да обезбеди бази на податоци без кои што не можеме да зборуваме за интеграција во Европската Унија, без кои не можеме да креираме одговорни политики како земја членка на НАТО.

На секој разумен човек му е јасно дека натамошното одложување би било крајно неодговорно, а штетата огромна и ненадоместлива и за државата и за граѓаните.  Ние не смееме да си го дозволиме тоа. Не ни е целта да се пребројуваме, туку да знаеме точно кој е потенцијалот на оваа држава, за да можеме да донесуваме рационални одлуки во интерес на сите граѓани, рече Милевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%.


Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното.

Пиунот Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски. Имено 17.7% од граѓаните даваат поддршка за претседателот Мицкоски, додека само 5.5% за Ковачевски.

Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт.

ВМРО-ДПМНЕ уште претстојната недела ќе поднесе законски измени до собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори.

Истовремено ги повикуваме и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш.

Очекуваме одговорност од сите политички чинители. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ.

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат. Во СДСМ...

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...