По кој знае кој пат "пукна тиквата" во ЛДП, реизбраниот претседател контра пратениците кои ценат дека изјавите не се став туку искажување на лично мислење за самопромоција

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 6:25

Милевски прв за “отстрел” на пратеничката Корубин, ЛДП се распаѓа, пак

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Реални внатрепартиски несогласувања за политичкото дејствување на ЛДП или неуспешна битка за превласт во партијата, е дилемата која остана по седмиот изборен конгрес.

Дилемата се отвори откако пратеничката и противкандидатка на Горан Милевски, Никица Корубин, не доби доверба да ја води партијата и најави дека ќе дејствува самостојно во Парламентот.

Таа вчера го информирала Талат Џафери, дека ќе дејствува како независна пратеничка од ЛДП, а во партијата како фракција. Корубин во изјава излезе со серија обвинувања до реизбраниот претседател Милевски и во врска со партискиот Конгрес, но и за дејствувањето на претседателот во рамките на владеачката коалиција.

Корубин вели дека одлуката да дејствува како независна пратеничка нема да промени ништо во рамките на коалицијата со СДСМ. Таа негира дека се решила на ваков чекор откако ја изгубила битката да го наследи Милевски на претседателската позиција во партијата.

Две години траат внатрепартиските несогласувања, но досега не излегов јавно бидејќи државата е во чувствителен процес. Нема одговор зошто го избрзаа Конгресот, кој редовно требаше да се одржи на 1 февруари.

За мене тоа беше неприфаливо бидејќи сметав дека целата енергија треба да се насочи кон уставните измени.

На Конгресот кажав дека ако ме изберат за претседател ќе се залагам да се формира ад-хок работна група за да ја стабилизира партијата и во рок од шест месеци до една година јас ќе поднесев оставка и ќе се одеше на Конгрес. Но го избрзаа Конгресот и немавме ниту време да се претставиме пред делегатите. – вели Корубин и за ова, го обвинува претседателот Милевски и Извршниот орган на партијата.

Таа додава дека не е сама оваа битка и дека допрва ќе има внатрепартиски превирања. Корубин жестоко го критикува Милевски и за неговото дејствување во владината коалиција.

Не се согласувам со јавните настапи на Милевски во кои ја критикува Владата, а ЛДП е дел од власта. Критиките на Милевски кон Владата се само неприфаќање на одговорност, бидејќи ЛДП е власт, и е само собирање на политички поени.

И изјавата на Милевски дека нема да гласа за амнестија на дел од обвинетите за немилите настани во Собранието, е негов личен став, а не став на ЛДП, бидејќи за ова нема одлука на партиските органи. Влезезни сме заедно во процесот на помирување и амнестијата е само дел од тој процес. – вели Корубин.

Таа ја повика сопартијката и пратеничка Јулијана Николова да се изјасни како ќе гласа за амнестијата.

За Милевски нема ништо спорно за одржаниот Конгрес.

Делегатите го кажаа својот збор кога гласаа 294 спрема 31 за мој реизбор за лидер на ЛДП и јасно кажаа кому ја даваат довербата да ја води партијата. Кој губи има право да се лути. И јас и Корубин имавме еднакво време да се претставиме пред делегатите. Жално е ако членовите допрва требало да ја запознаат Корубин. Сме претрпеле удари и од позначајни фактори од Корубин. – вели Милевски.

Тој додава дека иако е дел од власта и натаму јавно ќе ја критикува кога нема да се согласи со некои нејзини потези.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...