
Македонија
Фејсбук
Пак треба да набројувам колку пати во последните 6 месеци сум пишал и кажал дека Муртинскиот Монструм нема да дозволи избори.
Д-р Груевски и М. Протуѓер, пак ви се обраќам, еве гледајте како не се испушта власта по ниту една цена.
Згора на се, вас народот со огромно мнозинство ви ја даде власта, а вие ја отстапивте најкукавички и без борба, пишува на социјалните мрежи новинарот Миленко Неделковски.
Со расправии и обвинувања на координаторите на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски и Никола Мицевски, денеска почна собраниската седница за Законот за Јавно обвинителство.
Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш одговори на обвинувањата дека намерно не закажува собраниски седници за Законот за Јавно обвинителство и за предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
„Меѓу пратеничките групи имаше дилеми и заради тоа ги повикав на координација кај мене. Цел ден потегни, повлечи и после претседателот бил крив зошто не е закажана седницата. Јас сум тој што дневно закажувал по 5 седници“, рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ја обвини министерката Рената Дескоска дека бега од дебата и дека е срамно да не го образложи законот за кој постојано бара мнозинство. По негово барање, собранискиот спикер, Талат Џафери побара пауза од еден час.
Веднаш потоа на социјалните мрежи се огласи министерката:
– Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до 3 часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку 8 часа дебата по нашите говори.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно призна дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност. Значи на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е #паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, напиша Дескоска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.