Со неуставен, незаконски и нелегитимен лажов во премиерската фотеља и со Фашистичката Унија од Брисел и Длабоката држава од Вашингтон зад него, неизвесен е датумот.

Објавил: Сара Фемина | 6 ноември, 2019 17:31

МИЛЕНКО ОБЈАВИ KAKO ЗОРАН ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЕН И ПРАТЕН ВО ЗАТВОР ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ!

Фото/Текст извор: ©dudinka

Дека до година ќе бидат изборите е јасно. Е ама, кога ќе бидат е неизвесно.

Со неуставен, незаконски и нелегитимен лажов во премиерската фотеља и со Фашистичката Унија од Брисел и Длабоката држава од Вашингтон зад него, неизвесен е датумот.

Средбата на 2 македонски и 4 албански поглавици кај Црево, покрај политичко-национално-верската диспоропорција на овој состав, небарањето веднаш “Пржинска“ влада и избори до Нова Година, покажува дека никому не му се брзало со избори. А и дека договорот и не е баш некој договор! Туку преговори кои секој различно си ги толкува.

Таа средба, единствено што успеа е да ги натера помалите и ПОНАИВНИ партии да истрчаат пред време со свои кадровски решенија, програми, акции. Апасиев и Бачев пред се, но и #Боккотирам, Интегра, Солза се истрчаа. А, за нивна жал, тие ниту имаат кондиција, ниту ресурси да издржат ултра маратон што ќе трае меѓу 6 месеци и година дена.

Од друга страна, ако сакаме да бараме и нешто позитивно од ова на Заев одам-на-избори-не-одам-на-избори стратегија, е што ќе има доволно време за комплетна пурификација, односно јавна и сенародна лустрација.

На виделина ќе излезат превтачите, но и задскриените политики што ги воделе партиите, а не сакаат да бидат дознаени.
Да не го обременувам текстов, веднаш да констатирам: ЗАЕВ МОРА ДА БИДЕ ПОРАЗЕН И ПРАТЕН ВО ЗАТВОР.
Како?
Е, тоа е прашање од милион долари!!!
Малите партии, без разлика на изборниот модел, може да чепнт место-две во парламентот, но и да му одземат 50-тина илјади гласови на ВМРО ДПМНЕ. Нивното обединување е многу тешко изводливо заради амбициите и суетите на нивните лидери. Што помала партија, поголема суета на лидерот на истата.
Сите мали партии и граѓански формални и неформални организации, ако ништо друго, разбраа дека со кадровскиот капацитет што го имаат не можат да направат никаков успех на изборите.

И, добар дел од нив, освестени искрено побаруваат капиталци (на берзата или во Лас Вегас казинта ги викаат WHALES) да вклучат во своите редови.

Не како нивни членови, не како дел од нивните програми или тимови – туку, како видни поединци со свој интегритет и популарност пред народот.
Токму заради таква можност Македонските политичко–професорско-медиумски Whales да се вклучат во изборната трка за во парламент, доаѓа стравот на Илија Димовски искажано преку ставот “Она што е штетно со тоа решение е елитизација во рамките на веќе популарните и познати јавни личности“. Долгогодишниот парламентарец, кој интензивно во последниве неколку недели споделува свои слики од Лондон и Париз, не го зема примерот токму на тие демократии, каде во парламентите се баш популарните и познати јавни личности“. Димовски заборава дека Парламентот е екстракт на најдоброто во секоја држава, најдоброто од секоја нација.

А не збир на анонимуси (Нола, Александрова, Рамчиловиќ, Крсто, Василевски, Арнаудов, Мира Дизел…) кои лесно ќе се продадат за пар стотина илјади евра. Ќе се продадат и себе си и татковината.

Спротивно, една Тања Каракамишева или Владимир Панчевски не можеш да ги купиш, оти тие фигури би требале да го продадат сето она што како кариера, чест, традиција, семејство го создавале.

Илија Димовски, и такви како него во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ од животот имаат само потпирање на својата партија. Без партијата би биле никој и ништо. Најмалку би можеле да станат 100% спственици на хотелот Интернационал во Велес. И тоа со помош само на плата и патни трошоци!!! Домакин, нема што?!
Проблемот на Македонскиот парламент е што парламентарците се лесно поткупливи. Ѕинго или Борис Стојменов ќе ги стегнеш за телевизиите, Авировиќ за синот, Амди за ГТЦ… Ама, се‘ се тоа или превеани транзициони криминлаци, или цигани или ситни бизнис-курвештии…

Спротивно, еден Бобан Нонковиќ или Александар Пандов не можеш да ги уцениш. Бобан е спремен на саможртва и жртва на комотитетот на својата фамилија, само да остане независен. Пандов со години се бори без поткрепа на било која партија, најмалку на ВМРО ДПМНЕ, и апсолутно со свои финансиски средства. Како нив ќе ги поткупиш?

Не се они анонимниот Крсто Мукоски, непознатиот Раммчиловиќ, родата на Сашо Шиптар – Емилија Александрова, на Грујо кадарот Нола Исмаилова. Не, оние се ликови кои без ничија поткрепа станале препознатливи. Препознатливи по чесност, доблест, македонизам…
Мисламммм, кој и како би можел да ја поткупи Мирка Велиновска, бе?!
Од друга страна, такви ликови кои се сега барани од малите партии и (не)формалните групи, не се посакувани во ниту една партија?!
Зошто?
Затоа што нема да слушаат наредби за гласање, ставови за кажување, дискусии за читање…

Не, напротив, во Собранието (или во партијата) ќе се спротистават на секоја дилетантизам, наштетување на државата и на секое предавство. Ќе се спротистават јасно, јавно и пред се гласно. Такви ликови со свое достоинство , чест и углед помеѓу граѓаните, на партиите не им требаат.
Токму спротивно, на партиите им требаат превртачи какви што се оние на Тито Петковски или оние на Зоран Шапуриќ.

На партиите им се потребни амдибајрамовци, чедосаздовци, панчоминовци. Луѓе што можат да бидат уценети, потплатени, контролирани. Луѓе без образ, без идентитет, без патриотско чувство – луѓе, предавници. Им требаат костадинкостадиновци, миридизели и слични бубашваби.

Убеден сум дека зборувам во името на огромното мнозинство од гласачкото тело во Македонија, расположено да го сруши Зоран Заев и да му го покаже патот кон Шутка, а потоа и кон Идризово.

Убеден сум дека моите сонародници го мислат истото, а тоа е дека со шурување и враќање назад во коалиција со ВМРО ДПМНЕ на Павле и Лиле, на Амди и Панчо…, но и враќање назад во партијата на Александрова, Крсто Љубен, Сашо, Крсто Зекир, Елизабета, Нола, Владанка (СПМ) – ЌЕ СЕ НАНЕСЕ НЕНАДОКНАДИВА ШТЕТА на партијата, што директно ќе се одрази на излезноста на изборите и гласањето во корист на партијата.
Плус, тука е и кадровската понуда која ќе треба да биде исчистена од вечните парламентарци.

На крај, пишувајки на оваа тема, има уште едно битно пршање, што гледам сите некако “забораваат“ да го постават, напишат, изговорат. Имено, ШТО АКО РЕШИ ГРУЕВСКИ ДА СЕ ВРАТИ ИЛИ ДА ВЛИЈАЕ СО СВОЈ СТАВ ОКОЛУ ГЛАСАЊЕТО ДОГОДИНА?!

М. Неделковски

05.11.19

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

–Најкомична е вашата намера да го ограничите времето на одржување на јавните собири од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

ГЕРОСКИ: Што е, другарчиња, цвикате од протестни собири, ќе воведете полициски час?

Новинарот Бранко Героски реагира на најавата на властите да воведат, како што вели,...

Пајтон партиите од типот на ДОМ, ДС, и други минорни субјекти повторно во обид да го покријат Заев од дебаклот на своето владеење и од националното дно што го допре со спроведувањето на предавничките политики.

КАРАКАМИШЕВА: Во услови на една изборна единица ВМРО ДПМНЕ за изборите би добиле 48 пратеника

Зошто токму сега и зошто токму од Лиле и на неа сличните доаѓаат изборни предлози за...