Рокада меќу првенците на извршната власт

Објавил: Узунов Бобан | 16 мај, 2019 14:27

Миле го напушта Заев, се сели кај Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин

Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист, рече Бошњаковски заблагодарувајќи се на довербата на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции.


Миле Бошњаковски дипломирал на Филозофскиот Факултет при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за историја. 

Миле Бошњаковски професионалната кариера ја започнува како новинар подоцна уредник и водител во националната телевизија Канал 5 во 1999 година, а станува уредник и водител на централните вести на МРТВ јавниот сервис во 2002 година. Покрај телевизискиот ангажман Бошњаковски соработува со печатени медиуми, како и новински агенции во Македонија на надвор: Макфакс, неделник ЗУМ, неделник Форум итн.

Во 2004 година Бошњаковски се приклучува на тимот при Македонскиот Институт за Медиуми и ја презема улогата на тренинг координатор на проектот Едногодишна школа за новинари од која произлегува денеска акредитираната висикообразовна институција „Висока школа за новинарство и односи со јавност“.

Во 2006 година Миле Бошњаковски ја презема улогата на Директор на корпоративни комуникации во Т-Мобиле Македонија, сектор во чија одговорност влегува надворешната комуникација, интерната како и корпоративната одговорност на компанијата. Бошњаковски е единствениот македонски менаџер кој е дел од оперативниот тим во спроведување на процесот на ребрендирање од Мобимак во Т-Мобиле. Тој истовремено е редовен член на комуникацискиот директорски тим на Дојче Телеком, а има работено и на глобалната стратегија на компанијата за корпоративна одговорност.

Во 2010 година, Бошњаковски ја продолжува кариерата во Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и ја извршува функцијата на специјалист за застапување и комуникации. Во рамките на редовните активности покрива и програмски компоненти како што се демографија и население, младински политики, а истовремено поминува обуки за „Родово Трансформативни Програми“. Бошњаковски во УНФПА исто така бил дел од глобалниот меѓународен ростер (со локација во зградата на ООН во Њујорк) на тим на комуникатори кои интервенираат во услови на хуманитарни кризи насекаде низ светот.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...