Како што информираат од СВР, Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против С.Е.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „компјутерска измама“ и „компјутерски фалсификат“.

Објавил: Валерија Петрова | 15 мај, 2019 18:29

Милионска кражба во Град Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Град Скопје се случи тешка кражба од страна на двајца службеници. Лицата кои си заработија соодветни кривични пријави ја злоупотребиле должноста и го оштетиле буџетот на државата за 3 милиони.

Како што информираат од СВР, Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против С.Е.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „компјутерска измама“ и „компјутерски фалсификат“. Од страна на судија од претходна постапка на двајцата пријавени им е изречена мерка – претпазливост.

Како што стои во истрагата, пријавените во својство на службени лица вработени во администрацијата на Град Скопје, Ј.С. како помлад референт за архивирање на документација во Одделение за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци, а Е.С. како соработник во истото Одделение за стручни работи, во меѓусебен договор ја искористиле својата службена положба со цел стекнување на противправна имотна корист, а на штета на граѓаните – даночни обврзници и на штета на буџетот на Град Скопје и општините во градот Скопје.

Имено во текот на 2018 и 2019 година, Ј.С. се нудел на граѓаните да им изврши услуга за плаќање на износот на данокот во нивно име, доведувајќи ги во заблуда дека им прави само услуга за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Износот на данокот му го давале во готово, а тој наместо да го уплати целосниот износ, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од примените парични средства ги присвојувал, односно ги делел со второпријавениот Е.С.

Е.С., бидејќи имал овластување да пристапува во компјутерскиот систем на Град Скопје, каде што се евидентираат уплатите на граѓаните по основ на данок, неовластено и во договор со Ј.С., вршел преправка на износот на уплатениот данок од Ј.С. и врз основа на така преправените податоци во компјутерскиот систем ги доведувал во заблуда службените лица на град Скопје кои биле задолжени за контрола на извршените уплати на данокот и заверка на договорите за промет на недвижност, на наследство или на подарок, во зависност од правниот основ, дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. По заверката на договорите од нивна страна второпријавениот повторно неовластено пристапувал во компјутерскиот систем и ја враќал претходната состојба на даночниот долг.

На тој начин пријавените оштетиле вкупно 19 граѓани-даночни обврзници, за вкупен износ од 3.410.366 денари а за истиот износ го оштетиле буџетот на Град Скопје, како и општините на подрачје на град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај...

Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Поранешен пратеник објави шокантни информации: Синот на Катица Јанева директно инволвиран во “Рекет”

Веле Митаноски кој е поранешен пратеник во македонското Собрание, објави шокантни...

Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Љубомир Спасиќ е првиот Македонец кој освои Европски куп во кајак! (ВИДЕО)

Љубомир Спасиќ  од Велес е првиот Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината...