
Македонија
Вести
Здравствениот систем за време на владеењето на претходната гарнитура бил во тотален хаос, а колапсот кулминирал во онкологија каде според тврдењата на сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ на нивните претходници од СДСМ им бил поважен профитот од животот на пациентите.
Скандалозно не е само тоа што не се почитувале законите при набавка на медикаменти и неспроведувањето на инспекции, туку и тоа што се испумпувале пари на грбот на најтешко болните. Јавен аларм има и поради тоа што во изминатите години била фаворизирана веледрогерија, блиска до тогашниот министер за здравство а сега прв човек на СДСМ, која заработувала огромни суми преку, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, матни зделки. На јавна трибина „Моќта на лековите, живот или профит?“ владејачката партија јавното обвинителство да реагира и да ги истражи скандалите.
„Кога немате анализа, на крајот имате хаос, којшто очигледно дека имало профити, коишто биле позначајни отколку животот и здравјето на граѓаните. До тука можеме да заклучиме дека системот бил во целосно безредие, хаос, којшто довело до колапс и верувавме дека овој колапс не е само на Клиниката за онкологија, туку во целокупниот здравствен систем“, потенцираше Мизрахи.
„Министерството направило огромен пропуст што е апсолутно тенденциозно во овој случај бидејќи покрај многуте пропусти основното во овој проблем на онкологија е тоа што министерството како орган кој што требало да врши надзор врз работата на клиниката дозволило суспендирање на сите контролни механизми. Во сите тие години кога владеел хаосот воопшто не функционирал стручен колегиум кој требало да врши планирање при набавката на лековите и требало да се состануваат лекарите од стручниот колегиум да утврдат каде има потреба да се дава оваа скапа биолошка терапија“, рече Ристески.
Социјалдемократите сметаат дека за хаосот на онкологија вината е кај власта. и денеска бараат оставки од директорите на онкологија, Фондот за здравство и министерот Таравари.
Единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа а не како да помогнат на пациентите на кои животот им е загрозен. Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови, вели Зеќири.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување вели дека СДСМ и Венко Филипче немаат кредибилитет да бараат оставки. Во однос на новонастанатата ситуација на Клиниката за онкологија, за недостигот на биолошка терапија појасни дека од 5 илјади пациенти, една мала група биле со недостиг на одредена терапија и увери дека работеле на надминување на проблемот. Најави дека ќе се подготви детален план кој лек може да се набави со анекс на постоечките договори, кој лек да се набави со донација, а за други лекови, ќе се направеле непосредни спогодби со производителите, а не со веледрогериите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.