Агенцијата за обезбедување НИКОБ, која за 2017 година должеше над 80.000 евра за неплатен данок, избрана за најдобра за физичко обезбедување на Владата на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 10:17

Милионски тендери на Владата пред конечна одлука?

Фото/Текст извор: ©телма.ком.мк/магазин.мк

Откако ја обвини владата на ВМРО – ДПМНЕ дека има “омилена” агенција за обезбедување, владата на СДСМ и додели тендер на својата.

Агенцијата за обезбедување “Никоб” била најповолен понудувач на милионскиот тендер на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во наредните 3 години, стои на веб страната на јавни набавки.

Од трите фирми кои се пријавиле, две биле одбиени и “Никоб” останала единствен наддавач на електронската аукција.

Која цена ја понудила, односно колку ја намалила проценетата вредност од  2,6 милиони евра, од СОЗР не откриваат. Директорот Пеце Мирчевски вели ова не е конечна одлука и дека чекаат да заврши рокот за жалби. Додека не склучат договор сумата не ја обелоденуваат.

Една од агенциите поднеле жалба на тендерската документација со образложение дека условите и критериумите се спротивни на Законот за јавни набавки, водат кон дискриминација и ограничување на конкуренцијата, односно дека се фаворизираат конкретни фирми.  

Една од бројните забелешките е и дека СОЗР не смеела да постави како критериум фирмите да имаат минимален годишен приход кој двојно ја надминува вредноста на тендерот.

Сепак, аукцијата продолжила без да се стопира постапката и да се чека да одлучи Државната комисија за жалби по јавни набавки. Директорот Мирчевски тврди дека жалбата која се однесува конкретно на тендерската документаицја, законски не ги спречува да продолжат со постапката. Доколку биде прифатена жалбата, тогаш нема да се склучи договорот со најповолниот понудувач, вели Мирчевски.

Изминатата недела избрани се најповолни понудувачи на тендерите за хигиена и за тековно одржување на државни објекти за наредните 3 години.

За хигиената е “Серта” а за одржувањето “Бапал Благој”. Проценетата вредност на овој тендер беше вкупно 6.3 милиони евра. “Триста груп” пак е најповолен понудувач за хортикултурно одржување, набавка проценета на 660 илајди евра.

Но колку понудиле сите овие фирми од СОЗР не откриваат со образложение дека одлуката не е конечна а рокот за жалби истекува следната недела.

Сите овие тендери во вредност од 9.5 милиони евра претходно беа во рацете на “Секјуриком”. Поради овој тендер финансиска полиција води истрага за поранешниот директорот на СОЗР Доневски и за автстрискиот газда на “Секјуриком” кој од неодамна е недостапен и не се појавил во суд на редовното пријавување.

НИКОБ е енигма во бизнисот иако се знаат неколку факти.

За “НИКОБ” се знае само дека е Националната агенција за обезбедување на лица и имот, од каде и произлегува акронимот, а чиј македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, основач и сопственик ја предводи Македонско бугарската стопанска комора во следните две години што е лош извбор ако се знае дека неговата компанија за која е познато дека е блиска до СДСМ се знае дека била повеќекратно евидентиран должник во тековната 2017 година по основ на неплатени даноци кон државата, што во еден период достигнувал износ од вкупно долг по основ на данок на добивка, ДДВ и персонален данок од 47.127,512,00 денари.

Симптоматично е и што НИКОБ во април 2018 година веќе имаше објавено еден од мноштвото огласи за ангажирање на нови 500 работници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

ДВЕ НОВИ МЕГА БОМБИ ЗА ЗАЕВ: Јас го земав СДСМ, Бранко нема никакво влијание! Имам капитал 8,5 милиони евра, се сам финансирам!

Денеска нови аудио мега бомби од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“...

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев: Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција...

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19.

ВЕЛО МАРКОВСКИ: Вакцина против вирус не се прави за една година

Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета...

Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид – 19

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи...