Младите сакаат многу да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација.
Светската Здравствена Организација изјавува дека речиси половина од младите помеѓу 12 и 35 години секојдневно слушаат музика на мобилните телефони, додека околу 40 отсто од тинејџерите се изложени на премногу бучна музика во клубовите и кафулињата.
Оваа бројка е алармантна и станува секој ден се по загрижувачка. Младите секој ден на улиците и на училиште ги употребуваат слушалките за музика и стануваат се позависни.
Преку мобилните не само што се слуша музика туку и се разговара, се слушаат онлине книги и многу други работи кои влијаат штетно на нашиот слух.
Мобилните телефони оптимално овозможуваат јачина помеѓу 75 и 136 децибели, а истражувањата покажуваат дека младите ги слушаат омилените песни на јачина од 75 до 105 децибели. Во ноќните клубови нивото на бучава е од 104 до 112 децибели.
– Се обидуваме да ја подигнеме свеста на младите во врска со прашањето за кое не се зборува многу и чии последици се многу штетни. Мораме да им укажеме на возрасните да ги одвратат тинејџерите од слушање гласна музика, истакна директорот на СЗО за превенција на повреди, д-р Ејтен Круг.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.