Без хибридни решенија-едно обвинителство за организиран криминал

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 15:56

Милошоски: Без хибридни решенија-едно обвинителство за организиран криминал !

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната прес-конференција во Собранието рече дека од СДСМ добиле нов предлог закон за ЈО и дека очекува преговорите да продолжат четврток или петок.

– Пред неколку денови примивме предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за обвинителство, по кој знае кој пат забележавме дека СДСМ го менува претходниот предлог кој што го дадоа пред еден месец и по кој знае кој пат забележавме дека го менуваат и оној предлог кој што премиерот Заев го даде како мандатар кога предлагаше дека опозицијата ќе го номинира главниот државен обвинител. Како и да е, одговоривме да писмен начин на предлогот на владиниот тим за преговори и го доставивме денес.

Очекуваме во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да имаме и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори – рече Милошоски.

Тој објасни дека според ВМРО-ДПМНЕ веќе е доволно од изнаоѓање нови хибридни решенија како што беше она што го предложи Заев да се подели обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на два дела со што едното обвинителство би било за висока корупција.

-Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото преземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога. Во однос на самиот избор предлагаме методологија која што ќе даде сигурност дека нема власта да го има последниот збор и да избере владино подобен обвинител од типот на госпоѓата Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обвинителство една личност, доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на јавни обвинители, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавни обвинители кој што ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција – објасни Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...