Дали СДСМ е партија која што им дава предност на семејните фирми на партијата на власт, а не е спремна да се бори против корупцијата.

Објавил: Перо Милчин | 31 јануари, 2021 10:00

Милошоски: Дали СДСМ намерно не реализираат набавка за купување на механизација за РЕК, за да може да склучуваат милионски договори во четири очи?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Интегрален текст од видео прес конференција на Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ!

Денес би сакал со оваа прес конференција да го предизвикам вашето внимание на коруптивните набавки и договори кои што случуваат во АД ЕЛЕМ и во РЕК Битола.

На 21.12.2020 година АД ЕЛЕМ склучи повеќе договори со приватни фирми „Постапка со преговарање без објавување на оглас” односно Договор во четири очи вреден шест милиони и шестотини илјади  евра.

Станува збор за склучување на договори во четири очи за услугата “ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ (производна единица) РЕК Битола”. Ангажирана опрема е булдожер, хидроуличен багер-гасеничар, телескопски чистач на транспортна лента, камион дампер, утоварна лента, скип и грејдер. Со овие договори видовме и во претходниот период дека најчесто подизведувачи се камиони со струмички таблици за коишто постојат  индиции дека припаѓаат на семејството на фамилијата на власт.

Во предизборната програмата во 2016 год. “План за живот” на страна 220 СДСМ објави дека нивниот главен проект за РЕК Битола ќе биде набавка механизација за потребите на РЕК Битола за како што истакна сегашниот директор на ЕЛЕМ да не се случуваат повеќе понатаму коруптивни договори во РЕК Битола. Но директорот на ЕЛЕМ, поранешен пратеник на СДСМ откако е дојден на власт од 2017 година до денес го немаат реализирано она што го ветија. Напротив само во декември 2020 година склучиле четири договори во четири очи кои што се вредни шест милиони и шестотини илјади евра. Овие договори СДСМ ги нарекуваше коруптивни договори.

 Затоа почитувани новинари сметаме дека токму ваквите договори се дел од одговорот на прашањето зошто Македонија падна на историски најниското 111 место на рангирањето за борба против корупција  и овие договори се веројатно она и што го посочи холандскиот амбасадор  во едно скорешно интервју  кога изјави дека освен блокадата од Бугарија пробајте како држава да се позанимавате и со борбата против корупцијата.

Дали СДСМ намерно не ја реализираат набавката на сопствена механизација на РЕК Битола за да можат да склучуваат договори во четири очи  и да продолжат со вакви договори кои што ги нарекуваа “коруптивни договори” до 2016 година?

Дали СДСМ е партија која што им дава предност на семејните фирми на партијата на власт, а не е спремна да се бори против корупцијата.

Моменталната состојба во енергетиката е катастрофална и енергетските компании ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино исто така се дел од неспобноста на оваа Влада каде што Владата во моментов која што е неспособна да ги разработи ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино изготвува студија за нивна продажба. Продажбата на ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино исто така нешто што ќе се одрази и на РЕК Битола ќе остави многу луѓе на улица. Веројатно некој од власта ќе успее да ги купи за евтини пари, но многу луѓе во Неготино, во Кичево и во Битола ризикуваат да останат без работа.

Ова наликува на сценариото на намерно уништување на овие комбинати, намерно нивно обезвреднување како во време на транзицијата за да може ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј да бидат продадени за малку пари.

Дали СДСМ повторно спрема “бонбона бизниси” со овие енергетски капацитети?

За четири години владеење на СДСМ видовме сẻ, но не видовме добро менаџирање со енергетските капацитети во Република Македонија како што беше ветувано во нивната програма “план за живот”.

Единствено имаме покачување на струјата и како што гледаме преку Транспаренси Интернешнл покачување на корупцијата. За жал дел од оваа корупција е приметена и во тендерите кој што во моментов се одвиваат во РЕК Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Премиерот Заев на средбата истакна дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка.

Заев и Борисов од Софија: Нашите народи се многу блиски и упатени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ги започна активностите...

Тој во интервју за српски Курир изјави дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати. Во спротивно, според него, постои ризик премиерот да стане автократ.

Заев најави повлекување од политиката

Премиерот Зоран Заев најавува дека од политиката ќе се повлече за три години, пишува...

Ѓорчев потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија изгради факултет за да заживее регионот. СДСМ со својата неработа создаде единствено пустош низ земјава.

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија за локални избори ќе победи, а мнозинството на СДСМ е прилично слабо и на климави нозе

„Ако има парламентарни избори ние апсолутно сме подготвени. Но, ако мене лично ме прашувате...

Дали Заев со профаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е бугарин, но и неговитр современици од тој период на македонската историја?

Дали Заев ја прифатил бугарската декларација со која се поништува македонскиот јазик, култура и идентитет?

Белосветскиот криминалец Заев да не бега од одговори за тоа дали бугарската декларација...