На прес конференција, во името на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, пратеникот Милошоски јавно го повика Талат Џафери да ја стави точката на гласање пред пратениците

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 15:13

Милошоски: Да се гласа веднаш, немате 81 пратеник за уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По шпекулациите и одложувањето без објаснување на денешното продолжение на собраниската Седница за уставни измени, се огласи и пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски од името на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Имено пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Антонијо Милошоски на прес конференција во собранието јавно го повика претседателот на законодавниот дом да го стави на дневен ред гласањето за уставни измени.

Поминаа 19 дена откако граѓаните на референдум се изјаснија дека не прифаќаат проена на уставното име. 19 дена, власта го одолговлекува гласањето за да се врши притисок врз пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

Го повикувам господинот Талат Џафери да не одолговлекува и да ја стави точката на гласање, затоа што пратениците ја почитуваат вољата на народот и нема да потклекнат на притисоците. Власта нема 2/3 мнозинство. – рече Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.