Милошоски истака дека владеачката коалција го искористи европското знаменце со цел да ја ограничи дебатата за законот и воедно да се органзиираат јавни расправи со цел стручните лица и граѓаните да го кажат своето мислење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 21:19

Милошоски до Груби: Пријателите од ЕУ ви кажаа дека законот за двојазичност е неприменлив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното гостување во „Топ тема“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се обрати до Артан Груби на кој му посочи дека пријателите од Еворпската Унија со своите забелешки практично кажаа дека законот за двојазичност е неприменлив.

Милошоски посочи дека не може да наметнува норми закон кој што се носи со просто мнозинство. Милошоски вели дека не може законот за двојазичност  да усогласува системски закони кои што се носат со двотретинско мнозинство.

Милошоски истака дека владеачката коалција го искористи европското знаменце со цел да ја ограничи дебатата за законот и воедно да се органзиираат јавни расправи со цел стручните лица и граѓаните да го кажат своето мислење.

Инаку Артан Груби во емисијата истакна дека ДУИ не знаеле дека пред Венецијанската комисија ќе биде испратен целиот Закон за употреба на јазиците. Груби рече дека очекувале да бидат испратени само делови од законот.

Во владата договорот беше за три точки, парите, хартиите од вредност и униформите, тоа е член 8 параграф 1 или 2 ако не се лажам, кој што се тргна од предлог законот кој што се усвои во влада и после дојде во Собрание. Не сме согласни целиот закон да се разгледува од Венецијанската комисија затоа што законот всушност одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел. И затоа што се виде дека целото општество доби од усвојувањето на законот, рече Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Мицкоски со поддршка до Израел: Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо!

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно...

Според член 174 од Законот за внатрешни работи, „работникот, со писмена изјава до Министерството за внатрешни работи, може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до навршување 45 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст“.

По „брза постапка“ е пензиониран началникот на Секторот за организиран криминал во МВР

На началникот Лазе Велковски, кој работел на неколку од последните акции за заплена...

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот...

На средбата премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на оваа цел нагласувајќи дека поддржува почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.

Заев – Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и...