Пратеникот истакна примери каде тие ќе поддржат кандидати на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а каде ВМРО - ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од нив.

Објавил: Сара Фемина | 17 септември, 2021 5:24

Милошоски: Заев го чува Филипче за министер поради тендерите во здравство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот Антонијо Милошоски на гостување во емисијата „10 минути“ што се емитува на телевизија 21 се осврна на оставката на министерот за здравство Венко Филипче, а во врска случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница, како и за претстојните локални избори и соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Од она што ние го имаме како информација, оставката на Филипче  не е доставена до Собранието. Заев очигледно игра улога на одолговлекувач на оставката. Самиот Заев има селективен пристап кога станува збор за неговите соработници.  

Пред година и половина оставка поднесе тогашниот заменик министер за образование Петар Атанасов и истата беше многу брзо или за ден-два процесуирана во Собранието и констатирана“, рече Милошоски. 

Милошоски изрази и сомневање зошто Заев се однесува така или не ја доставува оставката до Собранието.

„Цениме дека министерството за здравство како институција која што располага со голем фонд и многу тендери е причината зошто Заев прави обиди да го задржи Венко Филипче на местото од кое што тој самиот поднесе оставка“, вели Милошоски.

Милошоски информираше и за соработката што ВМРО-ДПМНЕ ја има за претстојните локални избори со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Коалициските партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива  даваат поддршка за независниот кандидат Данела Арсовска која ја поддржа и ВМРО-ДПМНЕ. Таа има сериозна предност пред се зошто има добра биографија како менаџер, образование и може да направи многу повеќе за сите жители без разлика во која скопска општина живеат“, рече Милошоски.

Пратеникот истакна примери каде тие ќе поддржат кандидати на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а каде ВМРО – ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од нив.

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да дадеме поддршка уште во прв круг за нивните кандидати или кандидати на Алијанса и Алтернатива во општини во кои тие имаат шанси да добијат, како Чаир, Сарај, Тетово, Гостивар, Струга и други општини, а Алијанса и Алтернатива да дадат поддршка онаму каде ние како колиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме шанси. Тоа се општини како Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Јагуновце и други“, кажа Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише.

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА! Министерот...

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат...

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

ДОМ - Канцеларија за односи со јавноста

ДОМ: Ќе ја напуштиме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше...

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година!

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се...