Милошоски во емисијата даде и свое мислење за случајот Рекет. Тој вели дека не верува во тоа дека Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО рекетирала сама,  без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 9:33

Милошоски за “Рекет”: Боки е само извршител, Катица рекетирала со помош на високи функционери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски истакна дека залудно е да се донесе и најмодерниот закон за ЈО, кога случајот со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш би стигнал до француската, данската, холандската влада.

Истрагата за случајот „Рекет“ е во доказна постапка

-Имавме случај за градоначалникот Курто Дудуш. Имаме закон за јавно обвинителство имаме случај каде што новинари објавија на бесправно лишување на свој сограѓанин од слобода го заклучил во канцелариите на општината Шуто Оризари бидејќи го тепал затоа што не размислувал политички како него и тој помина само со судска опомена и ние можеме најубавиот најмодерниот закон за јавно обвинителство да го донесеме. Но, ваквиот случај ќе стигне преку францускиот амбасадор до француската влада, преку данскиот амбасадор до данската влада, преку холандскиот амбасадор до холандската влада и мислам дека ваквите примери на селективно спроведување на владата без разлика колку е законот е модерен ја деградиитраат положбата и имиџ на Република Македонија во ЕУ, вели Милошоски.

Милошоски во емисијата даде и свое мислење за случајот Рекет. Тој вели дека не верува во тоа дека Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО рекетирала сама,  без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ. Тој вели дека Боки 13 е само дел од извршителите а главниот плејмејкер е Јанева но не може таа да биде толку ефикасна доколку немала поддршка од високи функционери.

-Парадоксот овде е што главниот актер во случајот Рекет и главниот актер кој што на некој начин го дескридитриа и го девалвира СЈО, институцијата која што многу граѓани кои гласа за Заев полага надежи правда и правичност е Катица Јанева, а не Боки 13. Тој е дел од извршителите, таа е главниот плејмејкер и не можела Катица Јанева да била толку ефикасна во рекетирањето доколку немала толку висока и сигурна поддршка од челници од владата на Република Македонија. Ние имавме сега на сведочењето изјави и еден министер тоа го кажа дека кај Боки 13 на гости дома оделе видни министри, бил министерот за здравство Венко Филипче, бил неколку пати министерката Шеќеринска и други претставници и градоначалници од СДСМ. Што правеле тие, слушале плочи од 80тите и разговарале со Катица Јанева и со него за некои други теми. Затоа сметам дека најголем одговорност за пропаст на проектот СЈО е токму на актуелната власт која што го злоупотреби СЈО за свои политички и материјални цели, кажа Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Мене, а верувам и повеќето граѓани ме интересира овој стручњак да каже кога во последните 8-10 години влегол во амбуланта или барем фатил слушалки?

Костадин: Дали членството на ВМРО знае дека против Вело Марковски се води постапка за тргување со наследство на државата

По повод изборот на д-р Вело Марковски во Ивршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со коментар...

И по завршување на мандатот на Љубомир Јовески кој за три месеци оди во пензија, процедурата за негов наследник според Маричиќ треба да остане иста.

Власта не го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за обвинител на предлог на опозицијата

Изборот на државен јавен обвинител е на предлог на Владата и така треба да остане –...

Инфектолозите од Прилеп се пожалија и на тоа дека немаат доволно персонал, а нема ниту доволно кревети. Капацитетот на одделението бил само 30 легла од кои веќе биле исполнети 23, од кои 10 пациенти биле на кислородна поддршка. Исто така инфектолозите бараат поврзување на одделението со централниот довод на кислород, бидејќи објектот на инфективното не е во главната болничка зграда.

Скопските клиники не примале возрасни Ковид пациенти од прилепската болница

Поради исполнетост на капацитетите клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните...