Што и да се случи, едно уште сега е јасно: Нашиот народ својата земја ја нарекува Македонија и во иднина така ќе ја нарекува, токму како што се навикнати историски, а и согласно сечие право на слобода на изразување. Октроираните решенија неможат да ја надживеат волјата на народот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 11:30

Милошоски: Има три начини Македонија да си го врати името

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникотт на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за германскиот весник Франкфуртер АлгемајнеЦајтунг, во рамки на репортажата за ЕУ перспективите, Брисел, Макрон и Заев, истакна дека со потпишувањето на договорот од Преспа Граѓаните на нашата држава беа изманипулирани, бидејќи беа убедувани дека токму таа Спогодба ќе ни обезбеди членство во ЕУ.  

Што и да се случи, едно уште сега е јасно: Нашиот народ својата земја ја нарекува Македонија и во иднина така ќе ја нарекува, токму како што се навикнати историски, а и согласно сечие право на слобода на изразување. Октроираните решенија неможат да ја надживеат волјата на народот.

Исто како и Вашата партија, ВМРО, и Вие консеквентно и натаму го користите државното име Македонија. Доколку Вашата партија победи на следните избори и ја формира следната Влада, дали таа Влада ќе се обиде да го поврати процесот на промена на името?

Милошоски: Има три можности на нашата држава да и го вратиме нејзиното име „Македонија„, но, сите се многу комплицирани. Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција. Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име. Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, закани и уцени, значи против нивната слободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со закани за затворски казни од страна на Специјалното јавно обвинителство или судии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното обвинителство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години па ќе видиме што е најдобро решение.

ДЕТЕКТОР: Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување

Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во...

1200 евра месечен хонорар за амбасадорот Виктор Габер, по 1000 евра месечно за Проф. Људмил Спасов и за Доц.д-р Ана Чупеска!

СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски!

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат...

Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

КИРАЦОВСКИ: Звучам иронично, но после се што се случуваше во Македонија ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат...