Има нешто, а што е тоа, тој најдобро си знае, напиша Милошоски

Објавил: Ина Петковска | 15 април, 2019 10:41

Милошоски на ФБ: Го знам Стево 19 години, никогаш не бил нервозен и напнат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Го знам Стево Пендаровски од 2000 година и како портпароли заедно сме биле пред камерите на десетици новинари во кризната 2001, но и на ТВ расправи за политика во изминативе 15 години, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил, коментирајќи ја дебатата на претседателските кандидати во дебатата „Детектор“ на Сител ТВ.

Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

 

Но, никогаш досега не сум го видел Стево така НЕРВОЗЕН и напнат, како на денешната ТВ дебата на Сител (Детектор), напиша Милошоски.

Има нешто, а што е тоа, тој најдобро си знае.

Сега во 23:30 повторно ќе ја гледам РЕПРИЗАТА на Сител! – вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го коментира настапот на кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, на денешната дебата со Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

По телевизиската дебата помеѓу претседателските кандидати, поранешната министерка за култура Ганка Цветанова исто така преку својот Фејсбук  профил, го повика Стево Пендаровски да покаже повеќе манири и го прекори за непочитување на Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Почитуван Пендаровски, никој не смета дека на ТВ дебатите треба да ги штедите Вашите противкандидати, но кога спроти Вас седи една дама прфесорка, Гордана Силјановска Давкова и професор интелектуалец, Блерим Река, не би било на одмет да демонстрирате повеќе почит и добри манири на однесување, пишува Цветанова во објавата до Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Силјановска Давкова: Владеењето на правото, право и правда, европски стандарди – тоа е филозофија на мојата програма

Силјановска до Пендаровски: за разлика од Вас, мене на прво место ми е правото и правдата!

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел на...

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, укажуваме дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ

Кабинет на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро реагира за политичката...

Штетните политики кои две години ги води нелегитимната влада немаат одобрување од мнозинството граѓани

Левица: Граѓаните порачаа – нема да дозволиме замена на груевизмот со заевизмот!

Фијаското на претседателските избори кое го доживеа кандидатот на власта Стево Пендаровски,...