Македонија
Вести
Стево Пендаровски е претседател избран на кредит, даден од група на политичари, кој кредит ќе треба да го враќа премиерот Заев, во кого Пендаровски изјави дека верува 102,5%.
За Пендаровски да биде претседател гласаа и дел од граѓаните кои имаат високи очекувања за подобар живот, но да не заборавиме дека огромен број на граѓани воопшто не гласаа за Пендаровски или дадоа доверба на други кандидати, а и нив ќе треба да ги претставува. Сметам дека кредитот и високите хипотеки кон политичарите кои го направија Пендаровски претседател на Македонија, за жал, ќе ги платат со разочарување граѓаните кои имаат очекување за подобар живот и подобар економски развој од власта.

»Како и да е, од денес па натаму, СДСМ и ДУИ имаат апсолутна власт и во Собранието, и во општините, и со претседателот на државата, а тоа значи и апсолутна одговорност за исполнување на дадените ветувања, за живот за сите во Македонија. Апсолутната власт понекогаш значи и апсолутна корупција, но времето ќе покаже што ќе се случува и на тој план. Но, фактурите за изборот на Пендаровски сигурно ќе стигнат од одредена група на политичари и ќе мора да бидат подмирени, веројатно во текот на следниве 7-8 месеци, а на сметка на државата, владата и институциите.
Во секокј случај, му пожелувам успешен мандат, изјави пратеникот Милошоски во Собранието по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.
Отсуството на премиерот Зоран Заев од инаугурацијата го оцени како ,,чуден и невообичаен сигнал”, надвор од сите државни протоколи, бидејќи немал неодложни обврски и отсуството не е заради посериозни здравствени проблеми, но рече дека после ден – два може да видиме или да дознаеме кое е објаснувањето за отсуството на Заев од овој настан.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.