По распишувањето на Референдумот време е за јасни политички ставови

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 8:29

Милошоски прв со јасен став #Бојкотирам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За разлика од претседателот Христијан Мицкоски кој досега нема експлицитно покажано дека има намера да повика на бојкот на Референдумот иако повтори дека ако не се постигне договор за формата на истиот и текстот на прашањето и таа опција е во игра – партиски членови веќе со јасен став.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија – Антонијо Милошоски – по вчерашното распишување на Референдумот за 30-ти септември – се приклучи на движењето на социјалните мрежи #Бојкотирам.

Милошоски на социјалните мрежи ја објави следната порака:

Референдумското прашање кое е
–  спротивно на Законот [ задолжителен – наместо консултативен ] и
– спротивно на Законот [ еднозначно – наместо трозначно манипулативно прашање ] и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер [ ЕУ ] 1992г.
Не заслужува одговор! 

#Бојкотирам

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот - но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Пратеничката на СДСМ Стојчевска позитивна со целосна заштитна КОВИД-19 опрема во Собрание

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на...

Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

Трајче Заев од Дубаи: Комбето со марихуана не е во сопственост на фирма на Заеви и ниеден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви

По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи Трајче Заев, братучед на премиерот...

Од Обвинителството, пак, денеска официјално излегоа со кратко соопштение во кое велат дека е правен претрес во повеќе објекти, но ниту потврдија ниту демантираа дека е откриен дополнителен имот на експремиерот.

Груевски: Живеев во два стана на мајка ми, другите два ги користев со договор за закуп

Од Обвинителството, пак, денеска официјално излегоа со кратко соопштение во кое велат...