Прашање: Како поранешен министер за надворешни работи, минатата година бевте еден од предводниците на кампањата против менување на името на Македонија во Северна Македонија. Предупредувавте дека ќе се изгуби дел од идентитетот, а дека патот кон ЕУ ќе остане блокиран. Токму тоа во меѓувреме се потврди на Самитот на ЕУ во Брисел. Каква ќе биде реакцијата во Северна Македонија?

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 10:10

Милошоски: „Процесот на проширување е клинички мртов, Македонија беше изиграна“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникотт на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, во рамки на репортажата за ЕУ перспективите, Брисел, Макрон и Заев, истакна дека со потпишувањето на договорот од Преспа Граѓаните на нашата држава беа изманипулирани, бидејќи беа убедувани дека токму таа Спогодба ќе ни обезбеди членство во ЕУ.  

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг 21.10.2019, Михаел Мартенс

Прашање: Како поранешен министер за надворешни работи, минатата година бевте еден од предводниците на кампањата против менување на името на Македонија во Северна Македонија. Предупредувавте дека ќе се изгуби дел од идентитетот, а дека патот кон ЕУ ќе остане блокиран. Токму тоа во меѓувреме се потврди на Самитот на ЕУ во Брисел. Каква ќе биде реакцијата во Северна Македонија?

Антонио Милошоски (роден на 29 јануари 1976) е македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со англиски и германски јазик.
Во 1994 година матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 – 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 год, кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Антонио Милошоски: Да се потпише спогодба од суштинско значење, а без притоа да се бараат силни гаранции е како да се согласите да ви ја ампутираат ногата без претходно да побарате второ и трето мислење од други лекари. Доколку се направи таква грешка, ногата ќе ја изгубите без разлика колку долго и гласно ќе плачете по нејзе. За жал, нашата Влада направи токму таква грешка. Таа потпиша договор со Грција во кој Македонија направи досега невидени концесии. Граѓаните на нашата држава беа изманипулирани. Беа убедувани дека токму таа Спогодба ќе ни обезбеди членство во ЕУ. Таква беше и пропагандата пред референдумот за промена на името. Меѓутоа, реалноста е поинаква. Франција и некои други земји членки, проширувањето на ЕУ не го гледаат како приоритет, туку како товар. Во такви околности, полноправното членство во ЕУ во следнава деценија станува невозможна мисија, па дури можеби и за подолго време.

Исто како и Вашата партија, ВМРО, и Вие консеквентно и натаму го користите државното име Македонија. Доколку Вашата партија победи на следните избори и ја формира следната Влада, дали таа Влада ќе се обиде да го поврати процесот на промена на името?

Милошоски: Има три можности на нашата држава да и го вратиме нејзиното име „Македонија„, но, сите се многу комплицирани. Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција. Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име. Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, закани и уцени, значи против нивната слободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со закани за затворски казни од страна на Специјалното јавно обвинителство или судии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното обвинителство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав.

Тоа се, како што велите и Вие, многу неверојатни сценарија.

Милошоски: Што и да се случи, едно уште сега е јасно: Нашиот народ својата земја ја нарекува Македонија и во иднина така ќе ја нарекува, токму како што се навикнати историски, а и согласно сечие право на слобода на изразување. Октроираните решенија неможат да ја надживеат волјата на народот.

Процесот на пристапни преговори со ЕУ сега изобилува со можности за вета и блокади. Дали сметате дека треба да се реформира?

Милошоски: Процесот на проширување на ЕУ е клинички мртов. Следните 2-3 години ќе покажат, дали во ЕУ има политичка волја, преку реформи, истиот повторно да оживее. На политиката на проширување на ЕУ и недостасува стратешки правец. На Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија со секоја година ќе им станува се потешко да веруваат во перспективата за полноправно членство и во тој правец да ја ориентираат својата политика. Затоа нашите држави би требало на еден од следните Самити ЕУ-Западен Балкан да бараат разјаснување. Наивните ветувања не се доволни. Добра можност да се покаже дека потребните реформи во државите од западниот Балкан се поддржуваат не само со празни зборови би било на регионот да му се дозволи барем парцијално да учествува во користењето на стриктурните фондови од ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години па ќе видиме што е најдобро решение.

ДЕТЕКТОР: Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување

Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во...

1200 евра месечен хонорар за амбасадорот Виктор Габер, по 1000 евра месечно за Проф. Људмил Спасов и за Доц.д-р Ана Чупеска!

СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски!

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат...

Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

КИРАЦОВСКИ: Звучам иронично, но после се што се случуваше во Македонија ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат...