Ваквите резолуции можат да бидат од помош и ваквите резолуции се и политички коректни во дадениот момент, бидејќи истите историски се оправдани и во дипломатската активност на Македонија во ЕУ изминатите години, истакна Милошоски.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 4:23

Милошоски: Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ претставува заштита на македонскиот идентитет и македонската посебност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера од Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој го искажа ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на поднесената Резолуција до пратениците во Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ секоја една резолуција усвоена во Собранието зад која што стои широк консензус може да биде корисна за целата држава и затоа кога е на некој начин грубо нападнат државниот идентитет, идентитетот на еден народ или јазичната посебност.

Ваквите резолуции можат да бидат од помош и ваквите резолуции се и политички коректни во дадениот момент, бидејќи истите историски се оправдани и во дипломатската активност на Македонија во ЕУ изминатите години, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во Резолуцијата се повикува на два документи кои датираат пред дваесетина години.  Едниот документ е од службениот весник 43 од 1991 година, резултатите од референдумот и вториот документ е службен весник од 1998 година на кој што се повикуваме и тогаш е донесена декларацијата за развој на односите на Република Македонија со ЕУ, потпишан од тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Тито Петковски.

Резолуцијата треба да биде поддржана од сите политички партии, независно дали се работи за политички партии од власта или опозицијата, бидејќи нејзината намена и цел се заштита на македонскиот народ и посебноста на македонскиот идентитет и јазичност.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја испрати Резолуцијата по електронски пат до сите пратеници, со цел да се заштеди на време и навремено да се реагира и работи на материјата. Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува позитивни вибрации во однос на поднесената Резолуција и доколку СДСМ се согласи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за донесувањето на Резолуцијата, заврши Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Во Европската комисија Маричиќ одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на кој му ги претставил реформите што во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

Бугарија најави вето, Македонија очекува разговори

Министерот Бујар Османи најави дека во декември активно ќе се бараат решенија за спорот...

Како што објаснуваат од Министерството за Фокус, компанијата имала лиценца како правно лице, врз основа на која обезбедила и таканаречен извод од лиценца за неколку автобуси, но, истакнуваат од таму, друштвото немало ваков извод од лиценца за автобусот кој изгоре во Бугарија!

Кобниот автобус требало да го контролираат и Царината и Инспекторатот

„Беса Транс“ имала лиценца како правно лице и извод од лиценца за неколку автобуси,...

Солиден резултат имаше Левица која собра над 50.000 гласови а коалицијата на ЛДП и ДОМ дебитираше на избори со близу 25.000 гласови.

Анализа: Колкава е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на првиот круг од локалните избори?

Нешто помалку од 50.000 гласа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во збирот на гласовите...

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Во кафеана на маса може да седат колку сакаат гости – се укинува ограничувањето

Владата на Република Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно...