Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски продолжува со факти да ја води кампањата за бојкот на референдумот

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 15:15

Милошоски: Со бојкотирам референдумот повеќе од сигурно е дека нема да успее

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски, својата кампања за бојкот на претстојниот референдум за промена на името ја пренесува и на социјалните мрежи.

Милошоски појасни дека со бојкот, и повеќе од сигурно е дека референдумот нема да успее.

“Штетниот договор за смена на името Димитров : Коѕијас е дотолку полош што предвидува ДВА кумулативни грчки УСЛОВИ без чие целосно исполнување од “втората страна” (Р. Македонија), Атина нема баш никакви обврски за ратификација и поддршка:

1 услов – успешен референдум за смена на името
2 услов – менување на Уставот“, пишува пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.

Милошоски воедно постираше и дел од членот од Договорот од кој нема што не е јасно, втората страна е условена:

„Со #Бојкотирам референдумот повеќе од сигурно е дека нема да успее и штетниот договор нема да стапи на сила!

Бојкотирањето, како демократско право, не само што ќе го оневозможи неуставниот договор, туку ќе биде и конкретна критичка порака до власта да се зафати со исполнување на обврските кои ги вети пред изборите, и да не го троши времето и парите за исполнување на неуставни агенди”, вели Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика