Македонија
Вести
Обвинението за „Моќник“ е паушално и политички мотивирано, рече пратеникот Антонијо Милошоски, кој е еден од обвинетите во овој случај.
Тој се товари за измама и злоупотреба на службената положба и овластувања, а по одложувањето на денешното прво рочиште, пред медиумите излезе со обвинувања кон обвинителството и обвинителката Фатиме Фетаи.
„Ги известив Коалицијата за правично судење, Мисијата на ОБСЕ, Мисија на ЕУ во земјава да го следат овој случај од почеток до крај бидејќи сакаме и тие да се уверат дека се работи за правно неоснован, но за жал политички мотивиран случај. Самото обвинение е компромитирано од две причини. Прво, обвинението како истрага го почнала Катица Јанева, која видовме дека се занимавала и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи, за која видовме дека Државниот завод за ревизија утврди дека незаконски земала 87 илјади евра хонорари од Јанева и од СЈО“, рече Милошоски.
Тој вели дека очекува обвинителството да покажува сила во овој судски предметот, а тој и неговата одбрана ќе настапат со аргументи и докази.
Пратеникот во судница ќе треба да се појави на 23 декември, кога ако се исполнат условите обвинетите треба да се изјаснат за вина и да се почне со воведни зборови.
Денешното рочиште се одложи затоа што еден обвинет во „Моќник“ е позитивен на ковид, еден е во изолација, а тројца не добиле уредна покана.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.