Али Ахмети не ги интересираат Албанците, туку сопствените џебови. Замислете ДУИ да не изненади и предложи исклучително сериозен и чесен Албанец за премиер. Јас не мислам дека тоа ќе се случи, но ајде да замислиме таква ситуација.

Објавил: Стојче Бушин | 29 јули, 2020 19:49

МИЛЧИН: Али Ахмети не ги интересираат Албанците, туку сопствените џебови

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Режисерот Владимир Милчин за емисијата „Само вистина“ изјави дека овие биле први избори, на кои што не гласал.

Али Ахмети не ги интересираат Албанците, туку сопствените џебови. Замислете ДУИ да не изненади и предложи исклучително сериозен и чесен Албанец за премиер.

Јас не мислам дека тоа ќе се случи, но ајде да замислиме таква ситуација.

Дали тогаш ќе размислуваме исто или ќе кажеме чекајте овде имаме човек. Луѓето не смееме да ги цениме според етничка припадност, туку според способноста, моралот и етичноста. Кај нас пристојноста умре, вели Владимир Милчин во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Милчин смета дека поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се јавуваат со барања за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски немаат право на тоа бидејќи тие се директно виновни и немаат кредибилитет односно како што рече тој тие се потрошен кадар.

Не сум сигурен навистина дека некој од денешното ВМРО, од овие кои што се јавуваат сега што се гласни има право на тоа, со оглед на тоа што сите практично што ги слушаме ние што се гласни се виновни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата.

Бесими: Финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено

Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде...

Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува албанците пет пари, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21!

Ахмети: Заев се извини за тоа што ги нарече албанците дека не вредат 5 пари

„Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи“, рече...

Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.

ТАРАВАРИ: Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат

Поддржуваме премиер Албанец само ако има четири годишен мандат. А сите овие разговори...