Мнозина прелажа прематарот Зоран Заев и мнозина одбиваа да си поверуваат на очите.

Објавил: Едмонд Бекири | 10 мај, 2020 14:13

МИЛЧИН: Заев е ПРЕМАТАР кој прелажа многу луѓе и мнозина одбиваа да си поверуваат на очите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев лажел и се фалел како батко Ѓорѓија дека сите и сето е његово во земјичкава и дека нему му се може да купува и продава небаре е новиот Чичиков. Но, за разлика од оној Гоголевиот, нашиов купува и мртви и живи души, пишува на социјалните мрежи режисерот Владимир Милчин.

Миличин во објавата на фејсбук вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев прелажа многу луѓе, кои мнозина одбиваа да си поверуваат на очите. Тој вели она што најмногу го изненади беше одлука СДСМ да ја напушти коалицијата За Македонија, но го изненади тоа  што беше прекршен договорот тоа да се соопшти на заедничка прес-конференција на СДСМ и невладините организации и иницијативи.

Измамите ги разубавуваа оние малцина купени трабанти. Се најдоа такви и во граѓанскиот сектор, но тие не беа и не се мнозинство. Најголемиот дел граѓани и граѓански активисти веруваа во “Нема правда, нема мир!”. Најголемиот дел сметаа дека груевизмот е дното.

А сега веќе не гледаат битна разлика меѓу двата, односно трите политички вируси кои ја заразија Македонија со болеста со четири симптоми: Клиентелизам, Корупција, Непотизам и Рекет.
Зоран Заев лажел и се фалел како батко Ѓорѓија дека сите и сето е његово во земјичкава и дека нему му се може да купува и продава небаре е новиот Чичиков. Но, за разлика од оној Гоголевиот, нашиов купува и мртви и живи души.

Зоран Заев лажел и се фалел како батко Ѓорѓија дека сите и сето е његово во земјичкава и дека нему му се може да купува и продава небаре е новиот Чичиков. Но, за разлика од оној Гоголевиот, нашиов купува и мртви и живи души.

Не знам кој е соговорникот кому Заев продавал басми дека се е његово, па не знам заради што лажел. Дали сакал да го купи или да го уплаши? Во крајна линија, не е ни важно, веи Милчин.

Она што е важно е да се потсетиме дека граѓаните и граѓанските организации го почнаа отпорот кога од СДСМ немаше ни трага ни глас. Граѓаните за европска Македонија се огласија набргу по Букурешт, веќе во втората година на груевизмот. Јас бев извршен директор на Фондацијата отворено општество Македонија од септември 1992 до 30 јуни 2015 година и можам да гарантирам дека фондацијата не била Заева. За годините потоа не сум овластен, но се надевам дека ќе се огласат овластените.

Она што не ме изненади беше неговата одлука СДСМ да ја напушти коалицијата За Македонија, но ме изненади што беше прекршен договорот тоа да се соопшти на заедничка прес-конференција на СДСМ и невладините организации и иницијативи. За тоа од невладините беше задолжен Марјан Забрчанец, кој преку ноќ стана шеф на агитпропот на власта.

Ајде!

беше трн во окото. Затоа се случи масовниот уредно пријавен протест пред Уставниот суд да биде оневозможен така што на Стевче му беше дозволено без пријавување да го запоседне просторот. Да потсетам, министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, сегашен технички премиер, човек од доверба на Заев, вели Милчин.

Граѓаните не беа пропуштени до платото од полицискиот кордон со водени топови вперени во нив. Таа драматична вечер го најави идниот трансфер од невладиниот во владиниот сектор.

Некои преминаа верувајќи дека ќе можат да придонесат за намалување на штетите, а некои заради привилегиите што ги дава власта. Пуста власт, мила…
За Шарената револуција и за одбраната на СЈО знам толку колку што знаат присутните граѓани.
Заев сега се соочува со тоа дека има и такви кои не беа и не се на продажба. Тоа се тие кои нема да излезат на избори зашто немаат избор.

Фејсбук статус на Владимир Милчин

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...