Македонија
Вести
Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, со своите животи Мирче, Страшо кои го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот, кои треба да се гордееме со тоа, се вели во Фејсбук објавата на режисерот и поранешен долгогодишен прв човек на Сорос-фондацијата во Македонија, Владимир Милчин.
„Ќе ги потсети некој Бугарите дека Георги Димитров ги признал и Македонците и македонскиот јазик и дека во Горна Џумаја (денес Благоевград) имало театар на македонски, а ширум Пиринска Македонија имало читални и библиотеки?
И тоа траело до Резолуцијата на Информбирото!
Тие што ме следат на ФБ би можеле да му кажат на Заев, па ќе му напишам детално.
И уште нешто: Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, со своите животи Мирче, Страшо, Кузман и да не редам понатаму, го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот.
Треба да се гордееме со тоа, а не да го распродаваме, вели Милчин во објавата на Фејсбук!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.