На социјалните мрежи реагираше и режисерот Владимир Милчин, велејќи дека Заев со скандалозната изјава ги навреди живите и мртвите во нашата земја!

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2020 5:58

МИЛЧИН: Ова што го прави Заев е капитуланство, ги навреди живите и мртвите МАКЕДОНЦИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореа за слободата на Македонија и за Одринско, вели премиерот Зоран Заев во изјава за бугарската агенција БГНЕС!

Тој додава дека досега биле избришани повеќе табли на кои пишувало дека Бугарија била фашистички окупатор во Македонија. Погледнете ја целата изјава на Заев во видеото.

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес предизвика остри реакции меѓу историчарите кои се членови на македонско-бугарската историска комисија.

Неколку членови на македонскиот дел од комисијата вечерва искажаа осуда на ставовите на Заев и се оградија од истите. Според информации на Дојче веле, најмалку тројца членови на Комисијата се оградуваат од искажаното во разговорот. 

На социјалните мрежи реагираше и режисерот Владимир Милчин, велејќи дека Заев со скандалозната изјава ги навреди живите и мртвите во нашата земја!

Заев ги навреди и мртвите и живите. Југославија не можеме да ја кудиме за Кузман Јосифовски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Стив Наумов, Орце Николов… редица жртви на “администраторите”, кои не се воздржувале да убиваат и малолетноци! Југославија има други гревови, други жртви, ама сега не се преговара со неа. Ја нема. Таа историја не ни се заканува денес и не е пречка на патот за ЕУ. Нејзиното преиспитување не е табу во независна Македонија. Но тоа не е зелено светло за, најблаго речено, шминкање на историјата во годините на бугарската окупација. Ова што го прави Заев е капитуланство. Неговите недоквакани изјави се навреда за умот и паметењето на Македонците каде и да се. Ужаснува леснотијата со која го прави тоа. Го продава она што не е негово!

СО ШТО СЕ ФАЛИ ЗАЕВ

Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Кришум, ноќе!? Врз основа на чија директива! На Заев?! Што се замислува тој? Премиерот се унапредил себеси во монарх?
Не му стигнало до умот дека Димитров го молел Тито да дозволи бугарски војници по 9 септември 1944 година да учествуваат во операциите за ослободување на Македонија и Источна Србија за да се рехабилитира бугарската армија за злосторствата во времето кога Бугарија “администрирала” со пролевање крв?
Знае ли Заев колку табли и споменици ќе треба да замени и урне? Колку книги ќе треба да запали? Колку партизански гробишта ќе треба да изора за да им угоди на Борисов и компанија? Ќе треба и да го збрише и нашето паметење.

Е, тоа малку потешко, вели Милчин!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...