
Македонија
Фејсбук
Многу граѓани во Република Македонија, сметаа дека премиерот Заев наместо Нобелова награда за мир, требаше да добие Нобелова награда за лажење, бидејќи неговите ветувања од предизборната кампања се уште се празни и нереализирани.
Договорот од Преспа ги стави Заев и Ципрас на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир, со тоа што после неколку недели од номинацијата премиерот Зоран Заев ја прими Нобеловата награда за мир во Минхен, заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Премиерот Заев по се изгледа ќе се закити со уште една нобелова награда. Ова е трета иницијатива од нобеловката од Тунис, за номинирање на Заев и Ципрас за значајната награда.
Првата беше поднесена од истата нобеловка од Тунис, Уидед Бушамауи, која во декември минатата година номинацијата ја објави во Скопје и Атина и за тоа лично ги информираше двајцата премиери.

Поранешниот прв човек на СОРОС Македонија, Владимир Милчин на Фејсбук сподели слика со информација, на која може да се мисли дека е како порака до Премиерот Зоран Заев.
Владимир Милчин сподели интересна слика која потенцира дека номинација за Нобелова награда имаат добиено Хитлер, Сталин и Мусолини.
Владимир Милчин е македонски режисер, директор на Факултетот за драмски уметности, извршен директор на Отворено општество – Македонија (ФИООМ) под покровителство на Џорџ Сорос и поранешен член на претседателството на СДСМ.
Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија објавила дека Милчин дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ. Според решението, Милчин го користел псевдонимот „Драматург“ во времето кога бил декан на факултетот за драмски уметности.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.